Пита со тиквички, гриз и јогурт (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Потребни состојки:

  • 500 г тенки кори за пита
  • 600 г тиквички
  • 1 помала главица кромид
  • 2 јајца
  • 250 мл јогурт
  • 100 г гриз +-
  • 100 мл масло + 2-3 лажици дополнително
  • сол, црн пипер по вкус, магдонос

Постапка:

Во јогуртот додадете 100 мл масло и 2 јајца. Тиквичката измијте ја и изрендајте ја, а исто така и кромидот. Посолете, запиперете, додадете околу 2 лажици масло и промешајте.

Loading...

Намастете ја тепсијата, ставете една кора, масло, кора, прелив од јогурт, трета кора, прелив од јогурт и четврта кора. Преку четвртата кора ставете рендани тиквички и наросете 1-2 лажици гриз, па кора, прелив, кора, тиквички, гриз… и така до крај со по три кори.

Исечете ја питата на коцки, премачкајте ако останало малку од преливот, ако не, тогаш премачкајте со малку масло и оставете да отстои 20 минути. Одозгора наросете сечкан магдонос или сечкани тиквички.

Загрејте ја рерната на 200 степени и печете додека да зарумени, околу 30 минути.

Loading...