ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ СО СИРЕЊЕ: Совршен ручек за топлите денови. Ви го откриваме рецептот за највкусните пиперки полнети со сирење. Ова јадење се подготвува лесно и многу брзо.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7-8 пиперки (650 г), 450 г ситно сирење, 3 јајца, 3 лажици масло, малку свежа мирудија по желба, 2 чешниња лук – 1/2 лажичка сол. За прелив: 3 лажици кисела павлака 20% мм (150 г), 1 јајце, малку сол

ПОСТАПКА: Во длабок сад сипете го ситното сирење, потоа додадете ги јајцата, маслото, копарот и ситно сечканото лукче, сè убаво измешајте и посолете по вкус. Потоа наполнете ги претходно исчистените пиперки и наредете ги во огноотпорен сад.

Прелив: Изматете јајце со павлака и посолете, па прелијте ги пиперките одозгора. Се пече во загреана рерна на 200 степени 40-тина минути или додека да заруменат. Видеопрезентацијата од рецептот можете да ја погледнете ОВДЕ.