Многу вкусно јадење, особено ако сте љубители на пиперките…

Потребни состојки:

7 пиперки
500 г ситно рикота сирење или некое друго ситно сирење, по желба
100 г горгонзола на коцки или друг кашкавал
8 јајца
Црн пипер, сув зеленчукот зачин (вегета) и магдонос за декорација, доколку сакате…

Постапка:

Пиперките исчистете ги и пригответе ги за полнење. Кратко проварете ги во солена вода, само неколку минути и ставете ги во ладна вода, а потоа процедете ги.

Ситното сирење измешајте го со едно јајце и сечкана горгонзола, зачинете со црн пипер и сув зачин, па со оваа смеса полнете ги пиперките до половина. Потоа во секоја пиперка скршете по едно јајце, по желба ставете прстофат сув зачин, па прекријте со преостанатиот фил од сирење.

Пиперките редете ги во намастена тепсија и печете ги на 200 степени околу половина час или подолго, во зависност од рерната. Важно е јајцето внатре да биде убаво испечено.

Јас имав седум пиперки бидејќи не ми собираше повеќе во тепсијата, затоа што пиперките се печат во исправена положба. Во принцип, колку пиперки ќе употребите – толку јајца ви се потребни и плус едно за филот со сирење. Наместо горгонзола може да употребите и некој друг кашкавал по желба, исто како и ситното сирење, не мора да биде рикота…