Пилешкото не ми излегло поубаво, ептен ни се допадна вака, не ви треба рерна за да го направите

Овој трик за подготвување на пилешкото во тавче го научив од еден ресторан. Пред 15-тина години во еден ресторан нарачав пиле и беше пресочно и многу меко. Кај нас тогаш не се правеше вака, па го прашав готвачот како го подготвил, а тој ми кажа дека го подготвува во тавче.




Ми напиша на ливче како се подготвува и на колку време треба да се врти, да се дотура вода итн… Целиот процес може да го прочитате подолу во продолжение. Можете да подготвувате и поголемо и помало пиле на овој начин. Јас обично земам мало пиле од 1 кг или 1,5 кг и секогаш излегува многу сочно, овој рецепт ме нема изневерено. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: мало пиле од 1 кг (1,3 или 1,5 кг), 350 мл вода, 180 г путер и малку масло, зачини по вкус (сол, црн пипер, зачини за пилешко, лук во гранули, црвена зачинска пиперка), 5-6 чешниња лук, 6 компири, 1/2 лажичка шеќер, 200 г доматен сос, 1 лажичка јаболков оцет, копар и магдонос.




ПОСТАПКА: Ставете го пилето на дрвена даска и пресечете го надолжно по средината на градите. Тоа може да го направите со кујнски ножици, бидејќи е многу полесно, отколку со нож. Отворете го пилето за да се израмни подеднакво и со салфетка пребришете го за да се отстрани вишокот вода.




Избришете го пилето од предната и задната страна и со кујнско чеканче чукајте го на неколку места за уште малку да се израмни и при печењето да се зготви подеднакво. Во посебен сад измешајте ја солта, црниот пипер, лукот во гранули, црвена зачинска пиперка и специјални зачини за пилешко по вкус). Ставете ги зачините по ваша желба, колку што ви е вкусно.




Измешајте ги зачините и распоредете ги од двете страни на пилето. Со прстите протријте ги зачините за малку да се впијат во пилето. Во едно тавче ставете коцка путер и почекајте да се растопи. Додајте и малку масло, доколку сакате, а можете и само да ставите повеќе путер. Кога путерот ќе се растопи ставете го месото со задната страна на висока температура и малку потиснете го со шпатула, додека да фати коричка.




Превртете го месото на другата страна и пржете го додека да фати коричка. Поминете низ преса 1-2 чешниња лук или ситно исечкајте ги и измешајте ги со 150 мл обична вода. Прелијте ја водата во тавчето со пиле од страните, ставете една чинија врз пилето и малку притиснете го. Оставете да се готви 30-40 минути, со повремено превртување, за подеднакво да се испече.




Одозгора покријте со капак и гответе го пилето, додека во меѓувреме ги сечете компирите. Добро измијте ги и исечете ги од едната страна, колку да се открие внатрешноста на компирите. Потоа направете засеци на средината, но не ги сечете целосно компирите (како што е прикажано на видеото подолу).

Наредете ги компирите во еден плех, одозгора посолете ги и малку намастете ги, па ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 40-тина минути. Магдоносот ситно исечкајте го, ставете го во еден подлабок сад и посолете го и додајте црн пипер и други зачини по вкус. Исто така, додајте и неколку чешниња лук, околу 3-4 или повеќе.

Доматната паста измешајте ја со 200 мл вода и прелијте ја во садот со магдонос. Додајте 1/2 лажичка шеќер и соединете ги состојките во еднолична смеса. На крајот во смесата вмешајте 1/2 лажичка јаболков оцет. Врз преостанатиот омекнат путер, додајте малку сол и лук во гранули, а потоа исечкајте го копарот ситно (може да користите и сув).

Копарот измешајте го со путерот, додека да се направи фина паста која треба да ја прелиете врз испечените компири, во вдлабнатините. Вратете ги компирите да се допечат уште 5 минути, а потоа послужете ги заедно со пилето. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаИмаат вкус на кифлички, но многу полесно се прават и многу подекоративно изгледаат – запишете си го овој рецепт
Следна статијаСупер едноставно, eкстра воздушесто: Најлесниот рецепт на светот, подготвен за само 10 минути.