Супер едноставно, eкстра воздушесто: Најлесниот рецепт на светот, подготвен за само 10 минути.

Рецептот е многу лесен и едноставен, всушност за тестото ви се потребни само 4 состојки, не ви требаат јајца, ниту квасец. Уштипците излегуваат одлични, како да не се пржеле во масло, па затоа сите го бараат токму овој рецепт.




Може да ги комбинирате со сирење, ајвар или со сувомеснато, павлака но и ако ги јадете без додатоци, само со чаша јогурт се сепак превкусни. Тоа што е добро кај овој вид на тесто е што печивата остануваат меки во текот на целиот ден, не се сушат, како да се свежо подготвени. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2,5 чаши брашно (околу 300 г), 1 чаша млеко (од 200 мл), 1 кесичка прашок за печиво, 1 мала лажичка сол. И УШТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: масло за пржење и 1 белка од јајце.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 200 мл топло млеко, минимум 1 час отстојано на собна температура, да не биде директно ставено од фрижидер. Во млекото додајте 1 кесичка прашок за печиво (може и сода бикарбона), а потоа додајте 1 мала лажичка сол.




Измешајте ги состојките со шпатула додека прашокот за печиво да се раствори во млекото. Потоа постепено започнете да го додавате брашното додека го замесувате тестото, најпрво со шпатулата додека можете, а потоа преминете на месење со рака.




Формирајте меко и фино тесто кое целото ќе биде мазно и нема да се распаѓа. За него ќе ви биде потребно да го месите околу 5 минути. Доколку тестото ви се лепи на рацете може да додадете 1 голема лажица масло.




Замесеното тесто префрлете го на рамна набрашнета површина и од него формирајте валјак кој треба да биде подебел. Потоа од валјакот се сечат 10 еднакви делови и секој дел се формира во топче. Топчињата се оставаат на набрашнетата површина додека се замесува едно по едно, пожелно е останатите да ги покриете со проѕирна фолија за да не се сушат.




Секое топче развлечете го со оклагија во тенок круг. На средина може да ги филувате со нешто по ваш избор, но искрено и не мора, бидејќи тестото е многу вкусно и шупливо. Јас половина ги филувам, а половина ги оставам шупливи.




Филуваните ги полнам со ситно бело сирење, ставам 1-2 мали лажички, а потоа краевите ги премачкувам со белка од јајце за да можам да ги залепам и преклопам како панцероти. На истиот начин се подготвуваат и шупливите уштипци, со единствена разлика што не се полнат.

Уштипците се пржат во длабоко загреано масло, прво од едната, а потоа од другата страна, додека убаво да заруменат, по неколку минути. Потоа се вадат и се оставаат малку да се исцедат на чинија обложена со хартија. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаПилешкото не ми излегло поубаво, ептен ни се допадна вака, не ви треба рерна за да го направите
Следна статијаБЕЗ РЕРНА, БЕЗ БРАШНО, БРЗ ДЕСЕРТ ЗА 10 МИНУТИ- неверојатно вкусно и декоративно