ПИЛЕШКИОТ ЏИГЕР ВЕЌЕ НЕ ГО ПЕЧАМ КЛАСИЧНО, овој рецепт во тегла ми е сега по мерак. Рецепт на Гурман ТВ. Пилешки дроб во тегла со преубав вкус во мноштво едноставни состојки, за ручек или вечера.




Пилешкиот „џигер“ често знае да биде тврд за јадење, а доколку не го маринирате и оставите да се крчка неколку часа во водичката, нема да уживате во ручекот, а ќе ви изминат неколку часа додека да го подготвите.




Крчкањето може да го „спаси“ ручекот со пилешки црн дроб, но кој има сега толку време да го подготвува.. На еден канал на јутјуб, каде што секогаш објавуваат прекрасни рецепти, се најде едно ново видео за малку поразлична подготовка на пилешкиот дроб во тегла.




Нема да ви одземе многу време, а со сигурност ќе уживате во вкусот. Покрај тоа, излегува многу, а следниот оброк може да го додавате на салати, сос за тестенини или едноставно да го премачкувате на лепче. Вие одлучете, но со сигурност ќе ви причини задоволство со неверојатниот вкус.




Потребни состојки: 500 г пилешки дроб, 2 главици кромид, 1 јаболко, прстофат гранулиран шеќер, прстофат црн пипер, 10 г сол, 20 г путер/маргарин, тегла од 700 мл, уште 50 мл растопен путер и рузмарин за наросување.




Постапка: Двете главици кромид излупете и исечете ги на прстени. Потоа излупете го јаболкото, отстранете ги семките и дршката и исечете го на помали листови. Пилешкиот дроб ставете го во подлабок сад и зачинете го со следниве состојки: сол, црн пипер и шеќер.




Дробот измешајте го со раце за да се распределат зачините подеднакво. Потоа земете една тегла од 700 мл и наполнете ја со половина од количината кромид и половина од количината јаболко. Кромидот малку распределете го со прсти додека го ставате на дното од теглата.




Потоа ставете 2/3 од месото, наредете ги „легнато“ за да ви собере сè во една тегла, а потоа одозгора додајте ги преостанатите кромитчиња и јаболкото, па завршете со редење на дробот. Врз него се става 20 г путер/маргарин исечкан на коцки.




Теглата се затвора со алуминиумска фолија и се става исправена во огноотпорен сад. Вака подготвена, теглата се става на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 40-тина минути.




Откога ќе се испече, смесата се блендира со рачен блендер или се префрла во статичен и се соединуваат сите состојки. Намазот се става во подлабок сад и одозгора се прелива со претходно растопен путер или маргарин и по желба се ставаат неколку гранчиња рузмарин.




Потоа се става во фрижидер да се стврдне околу 1 час и потоа се послужува. Одлично се комбинира намачкан на лепче, во додаток на салати, како гарнир со помфрит или при подготовка на сос за тестенини. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.