АКО ИМАТЕ ШИШЕ НАПРАВЕТЕ ГО ОВОЈ КУГЛОФ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ, се готви на рингла. Вкусен колач кој ќе ви предизвика нос-талгија и ќе ве врати во детството – зебра куглоф, нема кој не го знае, но овој начин на подготовка сигурно не ви е познат.




Потребни состојки: 3 јајца, 250 г шеќер, 200 мл млеко, 100 мл растопен путер/масло, 300 г брашно, 10 г прашок за печиво или 1 кесичка, 2 лажички какао, 2 кесички ванилин шеќер и шеќер во прав за наросување.




Постапка: Во еден сад додајте ги јајцата заедно со шеќерот и измешајте со маталка. Кога ќе ги изматите јајцата, ќе се формираат грутки заедно со шеќерот, тогаш додајте го млекото и маслото и добро измешајте сè во еднолична смеса.




На крајот се додава брашното заедно со прашокот за печиво и се се меша до соединување. Смесата треба да има конзистентност слична на палачинки. Смесата се дели на два еднакви делови.




Во едната половина се додаваат двете кесички ванилин шеќер и се соединуваат. Во другата половина, која ќе биде чоколадна се додава какаото и исто се соединува. Тенџерето за подготовка малку намастете го на дното и по страните, а потоа наросете со брашно и подеднакво распоредете го низ целото тенџере.




На средина ставете ја соодветната огноотпорна чаша, а врз неа ставете половина пластично шише со задниот дел одозгора, како што е прикажано на фотографијата подолу. Со помош на ова пластично шише ќе се формираат прекрасните шари, како цвет. Подоцна, кога ќе се излее целотото тесто, пластичното шише-модла се вади.




Започнете да излевате по 1 лажица од светлата смеса, па потоа една лажица со темната и така додека да ги потрошите смесите. Наместо да користите виљушка и вие да правите шари, шишето ќе направи прекрасен распоред на двете смеси и одвнатре и однадвор ќе биде многу декоративен. Кога ќе ги потрошите смесите, тргнете го шишето и поклопете го тенџерето со соодветен капак.




Гответе на ниска кон средна температура, 45-50 минути. Потоа, извадете го куглофот од калап и наросоте го обилно со шеќерот во прав. Има прекрасен декоративен излед, преубав мирис и неверојатен вкус! Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. СОВЕТ: Доколку немате соодветно тенџере, тогаш колачот најдобро би било да го печете во калап за куглоф, во рерна. Подолу можете да прочитате еден едноставен рецепт:




Коментар на Галина: ,,Многу убаво, за ова е потребна вештина !!! Добро сторено! Ви благодариме за интересниот рецепт! Ви посакуваме многу здравје, среќа и просперитет.

II РЕЦЕПТ – Нутела МРАМОРЕН КУГЛОФ – едноставен и брз. Ова не е обичен мраморен куглоф, туку куглоф со нутела. Децата го обожаваат. Потребни состојки: 250 г путер или маргарин, 250 г шеќер, 5 јајца, 500 г брашно, 1 ¼ лажичка прашок за печиво, 250 мл млеко, 200 г нутела, 1 лажица рум.




Постапка: Пенасто изматете го путерот со шеќерот. Додавајте едно по едно јајце и понатаму матејќи со миксерот. Измешајте го брашното со прашокот за печиво. Наизменично додавајте млеко и брашно во смесата со јајца. Изматената смеса поделете ја на два дела.




Во едниот додаjте рум, а во другиот Нутела. Смесата излејте ја во намастен и набрашнет калап за куглоф, и тоа прво жолтиот дел, па потоа темниот. Со виљушка малку измешајте ги смесите за да се добие мраморен ефект. Ставете да се пече на 180-200 степени околу еден час или прилагодете според вашата рерна.

Колачот може да се пече и во обичен четвороаголен плех, а одозгора може да се прелие со чоколадна глазура. Напомена: Наместо млеко може да се стави јогурт, наместо прашок за печиво може да се стави сода бикарбона, а Нутела по вкус, може и само 4 супени лажици. По желба може да додадете и 100 г лешници. /Сoolinarika.com