ПИЈТЕ ГО ПРЕВЕНТИВНО: Овој напиток содржи состојка која е моќен борец против канцерогените клетки

Репката е зеленчук од суштинско значење за вашиот организам и затоа треба да се има во домот во секое време.

Овој зеленчук е богат со витални минерали, како што се; железо, калиум, фосфор, натриум, цинк, магнезиум и калциум.

Таа, исто така има витамини како Ц и Б комплекс, вклучувајќи витамин Б1, Б2 и Б6.

Репката е богата и со растворливи влакна, фолна киселина и антиоксиданси.

Репката содржи моќни антиканцерогени состојки, како што се аминокиселината позната како бетаинот, за која велат дека има способност да ги нападне и целосно да ги уништи канцерогените клетки и тумори.

На социјалните мрежи можат да се прочитаат многу рецепти за кои се вели дека ќе го уништат канцерот, ние велиме дека тоа е малку оптимистичко гледање на работите, сепак, вреди сè да се проба, особено вреди како превентива од канцерогени заболувања.

Потребни состојки:

Корен од целер – околу 20%

Компири – околу 5%

Репка – околу 55%

Моркови – 20%

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте се додека не се добие мазна хомогена смеса.

Од овој напиток треба да консумирате по една чаша, два пати на ден, наутро пред појадок на празен стомак и навечер пред да одите во кревет.

Извор на фото: zasladizivot

Loading...