По повеќе од 20-годишна работа и усовршување на диети и методи за детоксификација, нутриционистката Ann Louise Gittleman повторно ги израдува сите поборници за здрав стил на живеење.

64-годишната авторка на триесеттина книги, кои вкучуваат револуционерни диети и совети за враќање на виталноста кај уморен организам, овојпат осмислила детоксикациски план кој вклучува таканаречен чудотворен напиток.

Пијалак со црвена боја, чии основни состојки се: брусница, ѓумбир и лимон, кои на црниот дроб ќе му вдахнат нов живот, ќе го исчистат од токсини а со самото тоа ќе ја подобрат работата на целиот организам. Имено, црниот дроб е најголемиот чистач во организмот кој ја прочистува крвта, го помага дигестивниот тракт, го регулира шеќерот во крвта и на крајот помага во складиштењето на масти и производството на протеини.

Секоја чаша вино, кафе или некој облик на индустриски произведена храна на овој орган, сместен од десната страна на стомачната шуплина, му задава тежок удар, иако на сите им е позната неговата способност за регенерација.

Затоа, не дозволувајте црниот дроб самиот да го носи теретот на современиот живот, туку посегнете по овој чудотворен напиток и помогнете му при чистењето од токсини.

Овој прехрамбен план, кој го осмислила Gittleman, добар е затоа што е применлив во секојдневниот живот кој вклучува безброј активности – од напорна работа до грижи за децата и набавките за секојдневниот живот.

Пред самиот детокс потребно е да се спроведе седмодневен прехрамбен режим кој вкучува овошје и зеленчук за чистење на дебелото црево и приготвување на црниот дроб на еднодневен пост кој следува.

Осмиот ден е резервиран за пост кој вклучува единствено консумирање на вода и овој чудотворен напиток, а рецептот за негово приготвување ќе го прочитате во продолжение на текстот.

После испирањето на нечистотиите следува тридневно прилагодување и враќање во „нормала“ за што во голема мера ќе ви помогнат пробиотици – ферментирани намирници кои ги поддржуваат потребните бактерии за поуспешно синтетизирање на витамините и јакнење на имунолошкиот систем.

Состојки за чудотворниот напиток:

2 литри вода од брусница

½ лажица мелен цимет

¼ лажица ѓумбир во прав

¼ лажица мускантно оревче во прав

¾ шолја свежо исцеден сок од портокал

¼ шолја свежо исцеден сок од лимон

1-3 пакетчиња стевија (или по вкус)

Постапка:

Зовријте ја водата од брусница па намалете го огнот и додадете ги зачините. Заедно гответе уште 15-тина минути, па оставете да излади на собна температура. Додадете сок од портокал и лимон, па размешајте ја стевијата. Складирајте и чувајте во фрижидер.

Тајната на овој чудотворен напиток се крие во сокот од брусница – делотворен антиоксидант, зачините кои ја намалуваат гладта и цитрусниот сок кој е вистинска витаминска бомба во борбата против масните наслаги.