ПЕЧИВА ОД ГОТОВО ТЕСТО И КОМПИР: меки и лесни како душа, со овој рецепт нема да погрешите

Многу практичен рецепт за печива кои излегуваат многу вкусни. Со готови кори и 2 компири ќе ги направите највкусните печива кои не бараат многу работа. Ниту месите, ниту валкате многу садови, излегуваат совршени. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 големи кори за пита, 3 големи компири, 50 мл млеко, половина грозд магдонос, 100 г чедар кашкавал или некој по ваш избор, 1 мала лажичка сол. ЗА ФИЛОТ: 2 јајца, 50 мл масло, 4 големи лажици јогурт (120 мл), сусам за наросување (опционално).




ПОСТАПКА: компирите добро измијте ги под млаз ладна вода и добро истријте ги со сода бикарбона, па оставете да отстојат некое време во неа. Потоа процедете ги и добро исушете ги. Исечкајте ги на помали коцки и ставете ги во поголемо тенџере.




Одозгора прелијте со вода преку нив и ставете на рингла да се варат додека да омекнат. Отприлика ќе биде потребно околу половина час. Потоа процедете ги од водата и изгмечете ги со виљушка во пире. Во пирето ставете го млекото и солта и на крајот додајте го ситно сечканиот магдонос и кашкавалот.




Измешајте ги состојките еднолично додека да се формира убава, шарена смеса која лесно ќе се соединува. Пирето тргнете го настрана. Земете една од корите и поставете ја на рамна површина и премачкајте ја со следнава мешавина:




Изматете ги јајцата, а потоа во нив додајте го јогуртот и маслото. Со оваа смеса се премачкуваат корите. Прво се премачкува првата кора, одозгора се става втората, повторно се премачкува и истиот процес се подготвува и со третата кора.




На последната кора распоредете го филот од пире, а потоа завиткајте ги страните околу 1/3 на сите кори и од едната страна завиткајте во цврст ролат. Ролатот пресечете го на половина и ставете го на плех, покријте со најлонска фолија, а потоа во замрзнувач да отстои 1 час.




Од секој ролат се сечат помали ролатчиња и се редат на плех обложен со хартија за печење. Некои од ролатите може да си ги замрзнете, а некој друг пат да ги испечете. Единствено што треба да направите е да ги ставите во зип кесичка.




Останатите ролати кои планирате сега да ги печете, премачкајте ги со претходно направената смеса од јајца, масло и јогурт и по желба наросете со сусам. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени додека да фатат коричка. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаОва не се обични пржени лепчиња, ова се најдобрите лепчиња што ќе ги пробате – со месо
Следна статија„МАГИЧНИ ОЧИ“: Одлична техника од 5 минути за подобрување на видот, делува веднаш – направете го ова и сочувајте го видот (видео)