Проблемите со видот станаа дел од современиот живот и нема потреба да навлегуваме во причините, зошто тоа е така, бидејќи на сите ни се добро познати. Очигледно, дури и работата со очила се претвори во вистински бизнис.

Луѓето кои носат очни помагала не го решаваат трајно својот проблем, туку се принудени постојано да трошат пари, бидејќи диоптријата со текот на времето се зголемува, а состојбата се влошува.




Вториот избор кој го имаат луѓето со проблеми со видот, е xиpypшка опеpaција која може да биде делумно успешна, успешна или целосно неуспешна, а каков ќе биде резултатот од постапката, никогаш не може со сигурност да се предвиди.




Како и да е, во староста неизбежно се добива далековидост. Исто така, после инванзивната процедура повеќето луѓе мораат да користат капки за очи до крајот на својот живот. А, за цените на самите xиpypшки интepвенции нема да говориме овојпат.




Наместо тоа, ќе се осврнеме на човекот кој осмислил систем од вежби базирани на традиционални и многупати испробани методи кои овозможуваат видот трајно да се поправи без опеpaција. Лео Ангарт ги подучува луѓето да ги прават тие вежби и на природен начин да се ослободат од очилата.




Лео Ангарт е творец на методот „Магични очи“, а во инсертот кој можете да го погледнете подолу од емисијата „Здраво живо“, Лео покажува едноставни вежби со кои се мacираат точки на главата.

На овој начин се подобрува протокот на енepгија во очите и помага кај разни поpeметувања како што е притисок или умор во очите. Лео исто така, ги учи луѓето и како да ја измерат диоптријата, што звучи чyдecно, зар не?




Ако сакате веднаш да ги погледнете вежбите од видеото, истите се прикажани од 1:35 до 3:50 минута. Постојат 10 ческори, од кој првиот е со палците да лизгате покрај ивиците на носот сè до почетокот на веѓите. Кружете благо притискајќи нагоре. Направете 6-7 кругови.




Вториот чекор: со палецот и показалецот притиснете го коренот на носот, на местото каде се потпираат очилата. Направете неколку кругови, не е важно во кој правец. За третиот чекор употребете три прсти со кои треба да ја притиснете коската под јагодиците.




Буткајте нагоре и направете 6-7 кругови. Следниот чекор: со плаците кружете во внатрешната коска над окото. Со спирално движења кружете кон надвор. Тука има неколку акупунктурани точки. Следно: затворете ги очите и со трите прсти притискајте ја коската под очите.




Притиснете и пуштете, неколкупати. Потоа, коската од надворешната страна на очите (слепоочниците) притиснете ги со два прсти, со кружни движења, на самиот надворешен очен агол, напред и назад. Следно, движете ги прстите по ивицата на косата и правете кругови во една и друга насока. Тоа е местото каде стојат дршките на очилата.




Потоа, подигнете ги лактите во вис и со прстите направете линија од ушите кон горе. Благо притиснете и кружете. Со тоа активирате голем број акупунктурни точки. Следниот чекор се изведува исто како кога ја шампонирате косата: провлекувајте ги прстите од центарот на челото низ косата како со чешел.




Ова веројатно и сами многу често го правите. Ова ја придвижува енергијата и активира голем број акупунктурни точки. Последна вежба: со показалците притискајте го задниот дел од вратот/тилот каде коските се спојуваат со мускулите.

Ова место треба да се масира со кружни движења некое време за да се ослободи напнатоста и да се придвижи протокот на енергија. Вашите очи веќе после првото изведување почнуваат многу подобро да се чувствуваат. Изведувањето на вежбите погледнете го ОВДЕ.