Рецепт прв – Печеното месо приготвено на овој начин се топи во уста, има убава боја и коричка, а внатре е многу сочно. Рецепт и видео прилог на Сашина кујна – Печено месо со компир. За да не добиете суво месо од свинско каре, туку сочно и полно со сопствени сокови, е главната цел на секој готвач, без разлика дали готвите во обична рерна или во професионална фурна.

Еве како да се испече месото во рерна, свинско каре, свински кременадли во комбинација со “медени” компири. Потребни состојки: 2 кг свинско каре, 1 полна голема лажица сол, бибер во зрно, микс од повеќе вида, 4 чешниња лук, 100 мл масло, 1 голема лажица домашна маст, 700 г компири и 400 мл обична вода.

Постапка: Месото засечете го на повеќе места, па посолете го со една голема лажица сол убаво, триејќи ја и внатрешноста од секој засек. Зачинете го и со свежо мелен или толчен црн или шарен пипер. Во секој засек ставете парчиња сечено лукче и намастете со масло.

Вака зачинетото месо покријте го со фолија и оставете го во фрижидер да преноќи за да се впијат вкусовите. Следниот ден извадете го лукот и месото обилно премачкјате го со свинска маст. Ставете да се пече во загреана рерна на 175 степени, 45 минути. После ова време прелијте го со сопствените сокови и растопената маст во плехот и додадете 200 мл млака вода.

Следните 75 минути печете го на истата температура (175 степени) и повремено преливајте го со течностите од плехот. Потребно е 5-6 пати да го полевата со сопствените сокови. На овој начин ќе се обезбеди крцкава кора, убава боја и сочност во внатрешноста на месото.

После ова време ставете компири околу месото и долејте уште 200 мл млака вода. Сега рерната засилете ја на 200 степени и печете уште 25 минути, односно додека компирот да се испече. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Рецепт втор – Како да испечете месо на вода со 1 лажица масло во рерна, а исто како под сач. Одличен рецепт за печено телешко месо на кое освен сол не се ставава ништо друго. Се користи само една лажица масло за да се намасти плехот и малку вода за да има сочност.

Проследете го рецептот, а подолу има е видео од целата подготовка. Месото се пече вкуспно 1 час и 45 минути или во завосност од големината на месото. Излегува исто како да сте го печеле под сач. Потребни состојки: 2 кг телешко месо со коска (од врат), 1 лажица масло, сол по вкус,а околу 300 мл вода кои се додаваат постепено.

Постапка: Вклучете ја рерната на 200 степени. Дното на садот во кој ќе се пече месото намастете го со една лажица масло. Месото ако е убаво парче можете да го оставите во една целина или да го пресечете на две-три помали парчиња. Посолете го од сите страни и убаво истријте ја солта да навлезе во месото.

Ставете го месото во садот, долејте половина чаша вода и поклопете го садот, па ставете да се пече. После половина час, проверете го месото, додадете уште малку вода за да не остане суво и да не загори, повторно поклопете со капак и вратете да се пече со малку намалена температура (на 180 степени или во зависност од вашата рерна).

После изминати уште половина час, месото одозгора треба малку да е зацрвенето, па внимателно превртете го за да се запече и од другата страна. (Значи на вкуспно еден час печење се превртува и се додава уште малку вода). Повторно се поклопува и се враќа да се пече 15 минути, по што се вади и повторно се превртува, а по потреба се долева уште малку вода. Се поклопува и се враќа да се допече уште 15-тина минути.

По изминување на овој период се вади капакот, се полева со течноста што ја има во садот, или се долева уште малку вода, па доколку нема убава зацрвенета боја се враќа уште 10-тина минути да се запече без капак. Деталите од постаката можете да ги погледнете ОВДЕ.