Ова е најдобриот рецепт за печен чискејк кој е толку нежен и воздушест како облаче. Основата на овој чискеј се бисквити – правоаголници, а се пече во плех со димензии 25х35 центиметри.

Секако, можете да користите и тркалезен калап за торти. Запишете си го овој рецепт и не пропуштајте го да го направите. Колачот кремаст со деликатна текстура. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг крем сирење (младо, свежо, несолено сирење), 8 јајца, 2 кеисчки пудинг со вкус на ванила (не треба да се вари), 1/2 чаша млеко во прав, 1/2 чаша брашно, 500 мл слатка павлака (крем 30%), 2 кесички ванилин шеќер, 1 чаша шеќер и околу 300 г бисквити за подлога.




ПОСТАПКА: Изматете го пенасто крем сирењето па во него започнете да додавате една по една, вкупно 8 жолчки. Кога ќе се соедини смесата, додајте го млекото во прав, брашното и прашокот за пудинг. Промешајте со шпатула или со миксерот на слаба брзина додека да се изедначи.




На страна изматете ја слатката павлака додека да добиете шлаг. Пред матење потребно е кремот да биде добро изладен во фрижидер. Додајте и две кесички ванилин шеќер. Изматениот крем додајте го во претходната смеса и внимателно промешајте со лажица.




Во друг сад на страна пенасто изматете ги белките. Започнете со постепено додавање на шеќерот и матете непрекинато додека тој да се растопи и да се добие цврст снег кој не паѓа од лажица.




Снегот од белки започнете постепено да го додавате во претходната смеса, лажица по лажица и мешајте внимателно со превртување на смесата од долу нагоре, за да се сочиува нејзината пенливост.




Во плех со димензии 25х35 см обложен со хартија за печење наредете бисквити. дното треба да е целосно покриено. Потоа излејте ја добиената смеса и рамномерно распоредете ја. Малку потчукнете и израмнете ја површината.




Вака приготвениот чискејк ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу еден час. После печењето исклучете го огнот, но оставете го чискејкот да се лади внатре, со малку подотворена вратничка. На здравје сладење. Рецепт на вкусниот блог ОВДЕ.