Пченичниот гриз е чудотворен прав, мевлем за дијабетичари: Еве ги неговите најважни 7 својства

Магнезиумот и влакната во гризот можат да помогнат во контролата на нивото на шеќерот во крвта, што е одлична превенција за дијабетес тип 2.

Дијабетесот е едно од хроничните заболувања, за кои е потребна превенција, нега и лекување. Тоа може да се реши со здрав начин на живеење и консумирање на здрава храна.

При анализите за тоа која храна е погодна за исхрана на дијабетичарите, се утврдило дека гризот може да помогне, особено поради присуството на влакна во него.

Loading...

Ова се најважните 7 својства поради кои пченичниот гриз се препорачува во исхраната на дијабетичарите.

1.НИЗОК ГЛИКЕМИСКИ ИНДЕКС

Причината поради која гризот е добар за исхрана на заболените од дијабетес е токму нискиот ГИ. Во овој момент, гризот кој се добива со мелење на срцевината од пченичното зрно има ранг 44, поради што се смета за храна со ниско ГИ. Како последица на тоа, гризот може да го намали нивото на шеќер во крвта, така што ќе предизвика мало влијание на нивото на целокупната гликоза.

2.БОГАТСТВО ОД РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА

Како што веќе е спомнато, предноста на гризот за дијабетичарите е високиот процент на растителни влакна. Во 60 г гриз има околу 2 грама влакна или 7% од препорачаниот дневен внес,

Влакната се значајни бидејќи ја успоруваат апсорпцијата на јаглените хидрати во крвотокот и помагаат во контролата на шеќерот во крвта после оброк.

3.ПРИСУСТВО НА МАГНЕЗИУМ

Магнезиумот учествува во поттикнување на контролата на шеќерот во крвта со зголемување на инсулинскиот одговор.

4.ПРИСУСТВО НА СЕЛЕН

Една од предностите на гризот е способноста за поттикнување на имунитетот. Селенот во гризот може да помогне за таа цел. Исто така, содржи витамини Б и Е кои се пресудни за јакнење на организмот.

5.ОПТИМАЛНА ДИГЕСТИЈА

Бидејќи гризот содржи висок процент на влакна, истовремено помага и во дигестијата. Може да помогне во стимулирање на растот на добрите цревни бактерии со што се подобрува варењето, имунитетот и метаболизмот.

6.АНТИОКСИДАТИВНО ДЕЈСТВО

Изненадувачки е што гризот обезбедува селен кој делува како антиоксидант спречувајќи оксидација на клеточната мембрана и на нејзината ДНК.

7.ПРИСУСТВО НА КАЛИУМ

Калиумот како минерал учествува во промоција на здравјето на мускулите, но не само тоа, туку и влијае врз здравјето на дигестивниот систем, како и врз одржувањето на рамнотежата на течностите во организмот.

Напомена: Не смеат да го користат лица кои се алергични на пченица или глутен.

Loading...