Жена која работи во „хемиско чистење“ на алишта, откри неколку методи кои вработените ги користат во пералницата, за да излезат алиштата беспрекорно чисти, како да се нови, тукушто излезени од продавница.




Веројатно секому од вас се случило да не сте задоволни од перењето на машината. Тоа најчесто го препишувате на самата машина или на „квалитетот“ на прашокот за перење што сте го употребиле.




Особено, големо е незадоволството после перењето на кошулите. Имено, многу често се случува, откако уредно сте ја испрале кошулата на предвидениот програм од машината, сепак, кога ќе ја извадите, на крагната и долниот дел од ракавите се забележува нечистотија, како тој дел да се обоил кафеаво.




Меѓутоа, не грижете се, бидејќи сепак и за ваквите проблеми постои решение, а какви методи треба да се применат, откри вработена токму во фирмата за хемиско чистење на алиштата. Важно е редовно да се перат на овој начин, бидејќи ако ги оставате, дамките само ќе се зголемуваат и ќе закоравуваат.




Најпрво, вели таа, потребно е да ги приготвите кошулите пред да ги ставите во мапината да се перат. Кожата на вратот природно е помасна и на тој дел лојните жлезди работат повеќе отколку на другите делови од телото.




Затоа и после едно носење, на крагната остануваат темни дамки, и се добива многу неубав впечаток. За да се одбегнат овие масни дамки, кошулите мора да се перат на минимум 60 степени, но треба и дополнително да се приготват пред да ги ставите во машината.




Еве го рецептот: во еден пластичен сад или леѓен, ставете 300 мл вода и едно полно капаче течен детергент за перење алишта. Убаво промешајте, па земете четка за алишта со погруби влакна (малку помека од оние што нашите баби ги користеа за перење теписи).




Четката натопете ја во приготвената мешавина од детергент и вода, па полека со нежни движења поминете го зафатениот дел, внимавајќи да не го ош-тетите материјалот, бидејќи кошулите честопати се изработени од нежни ткаенини.




Поминете  ја крагната и другите проблематични делови со четката, а потоа ставете ги во машината. Ако сметате дека е потребно, вклучете и дополнителен програм за претперење. Ќе забележите дека кошулата ќе излезе беспрекорно чиста. Истиот метод можете да го примените и на чанти и јакни за скијање.




Како да ја спасите јаканата полнета со пердуви ако ја изгуби полноста? Сте ја испрале вашата омилена пердувеста јакна, меѓутоа, после перењето пердувите се собрале во топки, а јакната речиси да го изгубила својот првичен изглед и полноста?




Потребно е секоја грутка рачно да ја разби-ете и со пом ош на прстите да ги вратите на првобитното место, распоредувајќи ги рамноимерно насекаде низ јакната. Тоа е нешто како да раздвојувате топчиња памук. Доколку имате машина за сушење алишта, тогаш е многу полесно.

Само ставете ја јакната внатре и оставете ја да работи 10 минути. Јакната треба да биде сува кога ќе ја ставите во сушилницата. Во спротивно, материјалот може да се ош-тети од високата температура. Исто така, јакните перете ги сами во машината, без други алишта, со 4-5 тениски топчиња. на тој начин никогаш пердувите ниту волната нема да ви се стутка.