ГРЧ ЗА ВРЕМЕ НА ПЛИВАЊЕ – ова мора да го знаете, еве што треба прво да направите

Честа појава при летните горештини се грчевите, посебно во мускулите на потколеницата во листовите. Постојат три главни причини кои можат да ја предизвикаат оваа појава која доведува до спазам во мускулите, а тоа се: ниско ниво на електролити, интензивен напор или некое медицинско заболување.




Мускулните грчеви се непријатни сензации предизвикани од мускулни контракции што се случуваат одеднаш и траат неколку секунди до неколку минути. Најчесто се јавуваат во мускулите на нозете (мускулот на листот, мускулите на стапала, бицепсот на ногата и квадрицепс).




Тие се јавуваат како резултат на прекумерна, премногу долга и невообичаена контракција на мускулите. Поточно, тие се јавуваат кога нервите испраќаат неконтролирани импулси (стимули) до мускулните клетки и на тој начин тие не можат да се „релаксираат“.




Грчевите и оптоварувањето на мускулите доведуваат до оште.тување на мускулните клетки кои подоцна се чувствуваат како б олка. Ноќните грчеви во нозете обично се ненадејни, проследени со чувство на стегање на мускулите во долниот дел на ногата, а понекогаш и на бутовите или стапалата.




Тие често се појавуваат веднаш откако ќе заспиеме или кога ќе се разбудиме, пред да станеме и да се истегнеме. Ноќните грчеви во нозете се почести по 50 – годишна возраст.

Следниве совети можат да помогнат во спречување на грчеви во нозете: пијте многу вода и други течности, јадете свеж зелен зеленчук, магдонос, интегрални житарици и млечни производи со малку маснотии, ограничете или избегнувајте ал-кохолни пијалаци и кофеин кои поттикнуваат дехидрација.




Важно е да јадете здрава храна (особено за време на бременоста), особено храна богата со калциум, калиум и магнезиум, возете велосипед во природа или статичен велосипед за да ја стимулирате циркулацијата на долните екстремитети.

Секојдневно применувајте истегнување на мускулите, особено пред и после вежбање и пред спиење; вежбајте и зајакнувајте ги мускулите на долните екстремитети (со вежби за истегнување) – ако и после неколку недели упорно вежбање грчевите не се намалат или исчезнат, добро е да направите дополнителни тестови и преглед од специјалист.




Не го зголемувајте нагло интензитетот на вежбање, пијте мултивитамински додатоци (магнезиум, витамин Д), пред спиење испијте чаша чај од камилица (кој ги релаксира мускулите).

Разговарајте со вашиот лекар ако грчевите во нозете постојано се повторуваат или се особено интензивни. Ова може да биде симптом на други проблеми, како што е синдром на немирни нозе.

Исто така, појавата на грчеви може да ја предизвика и наглото истегнување на мускулите на стапалото, посебно за време на пливањето, бидејќи овој дел е под постојан притисок во водата.




Грчевите се појавуваат кога организмот е дехидриран, при недоволно истегнување, долготрајно седење или губиток на електролити поради често потење. Други причини можат да бидат лоша артериска или венска циркулација, често носење на високи потпетици, користење на некои лекови или преголем физички напор.




Исто така се покажало дека грчевите често се појавуваат кај оние кои се на многу рестриктивен диететски ре-жим, посебно при внес само на протеини и јагленихидрати. Спазамот пропратен со б олка трае неколку минути и може да биде показател на недостаток на магнезиум, калциум и калиум во организмот.




Како да си помогнете себеси?

Доколку ве фати грч во стапалото, треба со раце да го опфатите тоа стапало, да го подигнете и да ги повлечете накај себе само прстите на стапалото. Кога б олката ќе почне да попушта, опфатете го целото стапало и целосно повлечете го кон себе.




На овој начин ќе ги истегнете мускулите кои го зафатиле спазамот. Доколку седите, исправете ја ногата и стапалото истегнете го кон коленото. Исто така, можете да ставите пешкир на стапалото и да го повлекувате кон себе опфаќајќи ги двата краја на пешкирот.

Претходна статијаОвој трик го користат во „хемиско чистење“ на алиштата за беспрекорно чисти кошули и јакни
Следна статијаПрироден лек со морков и масло за дебело црево