Кога се одлучив за овој народен лек, веќе бев под силни лекови кои ми ги препиша лекарот. Пиев цела рака апчиња, едни за наутро, други за ручек, трети за после вечера. Благодарение на овој природен лек, сите овие медикаменти ги сведов на само една таблета која ја пијам наутро.

Ова е мојот лек и искуство:

Потребни состојки:

1 литар вода
500 г шеќер
5 главици кромид

Постапка:

Зовривам 1 литар вода со 500 г шеќер и 5 главици кромид, неизлупени (само делот од коренот го засекувам), исечени на четвртини. Водата, шеќерот и кромидот ги оставам да се варат на тивко околу 20 минути.

Потоа тенџерето го тргам на страна и го оставам поклопено да се лади цели 10 часа. Потоа убаво го процедувам низ газа и го складирам во стаклено шише, во фрижидер.

Употреба:

Сирупот го пијам така што земам по 1 супена лажица, 3 пати дневно, 20 минути пред оброк. Овој третман трае 10 дена, а потоа правам пауза од 7 дена, па повторно 10 дена го пијам сирупот. После тоа мирна сум цела година.

Кои се придобивките од кромидот

Секому му е познато дека лукот е корисен за лекување на разни болести и за зајакнување на организмот. Како лек, лукот се користел уште од античко време. Неговите лековити својства биле познати во антички Египет, како и во античка Грција и Римската империја.

Секој знае дека кромидот има способност да се бори против патогените микроорганизми. Кромидот содржи соли на калциум, бакар, железо и фосфор, кои се многу корисни за човечкото тело. Солите на железото помагаат за подобрување на крвта, додека солите на калциум го зајакнуваат коскеното ткиво.

Постои една изрека меѓу луѓето која вели: „Кој јаде кромид, ќе нема болка“. Кромидот лекува голем број на болести, па затоа е присутен во многу народни лекови.

Нашите предци правеле облоги од кромид и ги користеле за лекување на модринки и хематоми, додека смесата приготвена од кромид и мед е една од најпознатите народни лекови за бронхитис и пневмонија.