Најлесен и најбрз начин на конзервирање домати за зимница без конзервански – рок на траење над 2 години

Рецепт и видео прилог на Том Филос: Домати во тегла за зимница.

Ова е најлесниот и најбрзиот начин за конзервирање на доматите во тегла без користење на конзерванси и хемикалии. Може да траат и повеќе од две години!

Loading...

Потребни состојки:

Домати по потреба
Морска сол, околу половина лажичка на една тегла

Постапка:

Доматите убаво измијте ги под млаз ладна водна и исцедете ги. Потоа исечете ги на половина и отстранете го тврдиот дел од петелката. Изблендирајте ги со половина лажичка морска сол и полнете ги теглите. Затворете ги со метален капак. Многу е важно добро да бидат затворени теглите!

Теглите наредете ги во плех и ставете ги во ладна рерна. Вклучете на 90 степени и оставете ги теглите да се пастеризираат на оваа температура најмалку 3 часа.

Потоа оставете ги да оладат, па складирајте ги на темно и суво место заедно со другата зимница. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:

Loading...