Овој напиток го пиете 10 дена и ви го топи салото околу стомакот!

Пред да го пробате овој неверојатен рецепт кој ќе ви помогне да се ослободите од стомакот што ви виси и ви го нарушува изгледот на фигурата, потребно е да проверите со вашиот доктор дали постојат некои здравствени ризици од прекумерната телесна тежина во пределот на абдоменот. Еве како се приготвува:

Потребни состојки:

½ лажица ѓумбир во прав
½ лажичка куркума во прав
½ лажичка црн пипер во прав
1 литар вода
1 лажичка стевија
5 лажици лимонов сок

Постапка:

Еден литар вода ставете на оган да зоврие. Можете да користите минерална, газирана или изворска вода. Кога ќе зоврие тргнете ја од оган и оставете 5-10 минути да излади.

Во еден стаклен бокал измешајте ги си сите суви состојки и прелијте ги со топлата вода. Внимавајте водата да не биде премногу врела за да не ви испука бокалот, а може да ставите лажица во него превентивно.

Добро промешајте и на крај додадете лимонов сок.

Целиот напиток треба да се испие во текот на денот. Третманот трае десет дена.

Од овој напиток ќе почувствувате моментна топлина, бидејќи има способност да ја забрзува циркулацијата и да го загрева телото. Можно е и да предизвика потење. Овој напиток ќе предизвика забрзување на метаболизмот, топење на салото и исфрлање на токсините.

Loading...