Едноставно се приготвува, целата е во крем и овошје.

Потребни состојки:

250 г брашно
3 лажици шеќер во прав
1 јајце
125 г путер/маргарин
2 лажици ладна вода
1 лимон – рендана кора
1 ванилин шеќер
1 прстофат сол

за фил:

450 мл млеко
100 г густин
125 г путер/маргарин
2 жолчки
500 мл слатка павлака за шлаг
100 г шеќер
1 ванилин шеќер

и уште:

околу 700 г кајсии, праски или друго овошје

Постапка:

Во еден сад ставете го брашното, путерот исечен на листови и сите останати состојки. Со прсти разгмечете го путерот и соединете го со брашното и месете додека да добиете мазно тесто.

Добиеното тесто завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер додека се приготвува филот.

Потоа кога ќе го извадите од фрижидер развлечете го во кружна кора 33 см која ќе ја ставите во калап 26 см намастен со масло.

Тестото малку притиснете го покрај ѕидот од калапот. Овошјето преполовете го и редете го врз тестото со исечената страна надолу.

Во 200 мл млеко разматете го густинот и жолчките. Остатокот од млекото, путерот, слатката павлака, шеќерот и ванилин шеќерот ставете ги на оган. Кога ќе зоврие промешајте го густинот и мешајте додека да згусне, како пудинг. Излејте во калапот со тесто, израмнете и стевете во рерна загреана на 200 степени да се пече 35-40 минути.

Печениот колач оставете го да излади. Полужете го откако добро ќе го изладите.