Кога пред неколку години ми беше дијагностициран дијабетес тип 2 најтешката одлука беше да се откажам од благото. Постојано правев колачи и торти, а потоа не смеев да ги јадам. Еден ден моја пријателка ми го кажа рецептот за овој колач-торта која ја правела за нејзиниот маж, бидејќи и тој бил дијабетичар.




На почетокот мислев дека нема да ми се допаѓа, но кога ја направив бев воодушевена. Дури и домашните ми ја бараат почесто да ја правам оваа торта отколку обичните што содржат шеќер. Кај мене шеќерот во kpвта засега е регулиран со години покрај исхрана од нутриционист и постојано следење на неговото ниво.




Иако можат да го јадат и дијабетичари, сепак препорачувам прво да се конcyлтираат со лекар бидејќи болеста се одвива различно кај секој, а некои пaциeнти не смеат воопшто да јадат некои од состојките. Рецептот е следниот:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г темно чоколадо без шеќер, 120 г банани, 90 г растително млеко, 250 гр брашно (јас користев мешавина од овес и зелено брашно од хељда), 15 г какао, 5 г натриум бикарбонат (сода), прстофат сол, уште 150 г банани, 110 мл вода, 1 лажица јаболков оцет, уште 75 г темно чоколадо без шеќер.




ПОСТАПКА: 150 г темно чоколадо растопете го на пареа додека да стане течно. Потоа тргнете го на страна малку да се подизлади, а за тоа време излупете ги бананите од 120 г, тоа е отприлика 2 банани со средна големина. Исечкајте ги на помали парчиња и ставете ги во блендер да се направи паста без грутки.




Додајте го растителното млеко и изблендирајте уште малку, па додајте го претходно растопеното чоколадо и соединете ги сите состојки во течна и еднолична смеса. Вака подготвената смеса покријте ја со најлонска фолија и ставете ја во фрижидер да отстои 30 минути.




Подгответе ги сувите состојки: Во подлабок сад ставете го мешаното брашно (јас користев овесно и хељдино), потоа додајте малку сода бикарбона, прстофат сол и какаото. Измешајте додека да се соедини смесата.




Преостанатите банани изблендирајте ги на ист начин како претходно, потоа додајте ја во нив водата на собна температура и 1 лажица јаболков оцет. Повторно изблендирајте. Растопете го и преостанатото чоколадо, па додајте го во оваа смеса и измешајте ги сите состојки.




Вака подготвенаа смеса прелијте ја во сувите состојки, измешајте убаво додека да се соедини и целата смеса префрлете ја во мал калап со флексибилен обрач и хартија за печење и добро израмнете на површината. Кората се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути, а може ќе биде потребни и повеќе бидејќи ќе излезе малку подебела.




По печењето отстранете го површниот потзапечен дел од кората и подолете ја надолжно на два делови за да добиете две кори. Првата кора премачкајте ја со половина од филот кој го подготвивте, потоа одозгора ставете ја втората кора и со преостанатиот фил премачкајте ја целата торта. По желба одозгора декорирајте со боровинки, оваа торта не е многу блага. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.