Овој рецепт за вкусни обланди се прави за 15 минути и излегуваат навистина добри. Во првите 10 минути ги изедовме и ми побараа уште да направам. Покрај тоа навистина се здрави, па доколку не сакате да купувате чоколади, можете да си ги направите овие обланди.




Може да се прават и посни, но и мрсни. Ако ги правите посни користете посно чоколадо, а другите состојки сите се посни. Без јајца, брашно и масло, овие обланди се навистина чудо од рецепт. Браво за оној кој го осмислил рецептот.

И оние кои не се љубители на смокви ги сакаат овие обланди. Во комбинација со ореви и сируп од мед и лимон. Ќе ви бидат потребни следниве состојки:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лист обланда (преполовена), 200 г суви смокви (уште 100 г ако сакате да декорирате), 250 г ореви, 100 г шеќер, околу 3 лажици мед, 200 мл вода, 2 парчиња лимон (по избор), 100 г чоколадо и 1 лажица масло (по избор).




ПОСТАПКА: Во сад или помало тенџере ставете ја водата, шеќерот и 100 г мед. Малку промешајте и додајте 2 кришки лимон и ставете на рингла да зоврие. Во меѓувреме сомелете 250 г ореви и 200 г смокви во блендер.




Смоквите исто така можете да ги исечкате ситно или да ги сомелете заедно со оревите ако така ви е полесно. Преливот се готви само 3 минути после зовривањето на најсилен оган. Врелиот сируп се прелива врз сомелените ореви и смокви.




Целата смеса убаво се соединува. Пресечете го на половина листот обланда. Јас така правам бидејќи сакам филот да ми биде што подебел. На првиот лист ставете ја целата смеса и добро измазнете. Одозгора покријте со другата половина од кората со крупната страна кон смесата свртена.




Добро затегнете и притиснете, па зачистете го филот од страните и добро измазнете го. Завиткајте ја обланадата во хартија за печење и одозгора ставете нешто тврдо, јас ставив кујнска даска за сечење.




Оставете обландата да се стегне околу 1 час, а по изминатото време направете ја глазурата (по желба) од растопено чоколадо помешано со малку масло. Глазурата се прелива врз обландата и се декорира по парчиња смокви по желба.




Откога чоколадото ќе се стегне може да послужите со сечење на штангли или ромбоиди. Обландата е навистина многу вкусна особено за оние кои имаат проблем со цревата, ако знаете на што алудирам. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.