Брз пудинг колач кој се топи во уста – брзо се прави, брзо се јаде

Колачот ми е омилен зошто целиот е кремаст.

Потребни состојки:

6 јајца
110 г шеќер
5 лажици какао
100 г брашно
1 прашок за печиво
150 мл млеко
150 мл масло

Пудинг крем од ванила

850 мл млеко
2 пудинзи со вкус на ванила
90 г шеќер
1 ванилин шеќер
125 г путер

Пудинг крем од чоколадо

850 мл млеко
2 пудинзи со вкус на чоколадо
80 г шеќер
100 г млечно чоколадо

Постапка:

На белките додадете им прстофат сол и измиксајте ги во цврст снег. Жолчките пенасто измиксајте ги со шеќер. Додадете какао, кратко измиксајте па додадете млеко и масло.

Потоа додадете брашно и прашок за печиво, па лесно промешајте. На крајот со лажица спојте со снегот од белки и внимавајте смесата да остане воздушеста.

Смесата излијте ја во намастен и побрашнет калап за печење (25х35см) и печете 15-20 минути на температура од 180 °C. Со чепкалка проверете дали тестото е печено.

Крем од ванила: сварете ги пудинзите според упатството заедно со шеќерот. Тргнете од оган па додадете путер исечкан на коцки и мешајте додека да се растопи и спои со пудингот. Топлиот крем излејте го преку бисквитот.

Крем од чоколадо: пригответе исто како и ванилата, само наместо путер додадете чоколадо искршено на коцки. Чоколадниот крем излејте го преку кремот од ванила.

Колачот пред послужување изладете го прво на собна температура, а потоа и во фрижидер.

Претходна статијаСите ја фрлате ’кожата’ од кромид: Нема да ви се верува за што сè може да ви помогне
Следна статијаНа рацете најлесно ќе воочите дали во вас се крие некаков малигнитет