Вкусни домашни печива со џем. Меки како памук, многу лесно се подготвуваат. Имаат одличен вкус и одлично одговараат со чаша ладно млеко или топло какао. Може да ги правите за појадок, десерт, ужина или вечера. Ќе исчезнат од вашата чинија за кратко време бидејќи се многу вкусни.

Потребни состојки: 2 и 1/2 чаши обично брашно, 1/4 коцка свеж квасец (25 г), 3/4 чаша топло млеко, 1 јајце, 1 жолчка (белката тргнете ја настрана за премачкување), 4 полни лажици шеќер, 60 г растопен маргарин / путер, мала тегла со џем по ваш избор.




Постапка: Издробете го квасецот во висока чаша или сад, додајте 1 лажица шеќер и 3 лажици брашно, измешајте го со 1/3 шолја топло млеко, ставете го на топло место околу 10 минути додека да набабри малку.




Во тенџере растопете го путерот/маргаринот и оставете го малку да се излади. Додајте го брашното во чист и преостанатите лажици шеќер. Потоа додајте ги јајцето и жолчката сосе квасецот, истурете го преостанатото млеко и замесете тесто.




На крајот од месењето додајте го растопениот путер. Готовото тесто ставете го во сад наросен со брашно, покријте го со крпа и оставете да нарасне на топло место околу 1-1,5 час.




По ова време повторно замесете тесто и поделете го на околу 12 еднакви делови. Секој дел од тестото прво се формира во топле, а потоа го сплескав во рака, ставив една лажичка џем на средина и нежно ги залепив рабовите од тестото кон центарот.




Подготвените пречива ги ставам на плех обложен со хартија за печење со тестото споено надолу. Ги покрив со крпа и го оставив на страна околу 15 минути уште малку да нараснат.




Готовите печива-меурчиња ги намачкав преостанатата белка измешана со малку млеко. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути додека да поруменат убаво. По печењето оставете малку да се изладат па послужете. Рецептот може да го најдете ОВДЕ. Не го пропуштајте следниот рецепт кој исто така, е одличен:




II РЕЦЕПТ. Одлични печива БУХТЛЕ полнети со џем или еурокрем. Рецепт и фотографија на Босилка Николиќ. Одлични се, во слатка варијанта, а некои ги полнат со сирење. Потребни состојки: 100 мл млеко, 2 лажички квасец, 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно. Се остава покриено да се активира.




Потребно е уште: 200 мл млеко, 1 јајце, 100 г путер, 100 г шеќер, 1 ванилин шеќер, околу 500 г брашно и рендана кора од лимон. Постапка: Млекото загрејте го па во него додадете јајце и малку со маталка разматете, путерот растопете го и изладете го.




Во еден сад ставете ги сите суви состојки, па додавајте ги влажните една по една состојка. Замесете мазно и меко тесто кое не лепи на раце и оставете го на топло за да го удвои својот волумен.




Потоа тестото истресете го на набрашнета работна површина и поделете го на 16 делови, а секој дел со рака малку развлечете го и полнете го со фил по желба. Формирајте топчиња и редете ги во тепсија.

Оставете ги да нараснат барем уште половина час, повторно премачкајте ги со путер или млеко, па во ладна рерна печете ги на 160 степени околу половина час. Кога ќе изладат наросете ги со шеќер во прав.