Овие симптоми се алармантни, но никој не ги поврзува со коронавирусот: Научниците откриваат новини

Повеќето од нас практично на памет ги имаме научено симптомите од корона вирусот, но со оглед на тоа што станува збор за нов вид секојдневно се соочуваме со нови научни откритија, кои треба да се земат во предвид.

НОВИ СИМПТОМИ

Општо познато е дека Ковид 19 може да предизвика висока телесна температура, кашлица, потешкотии со дишењето, болки во мускулите и умор.

На како што се шири и развива овој вирус, така експертите, но и заразените доаѓаат до нови сознанија и нови симптоми кои може да се јават во поедини случаи.

Loading...

Станува збор за поретки симптоми кои на почетокот не се поврзуваат со корона вирусот, но од друга страна може да бидат показател дека сте се заразиле со него.

Тоа се ментален замор, зголемен притисок, губиток на апетитот, болка во очите, како и губиток на мирисот и/или вкусот.

АНОСМИЈА ИЛИ ДИСГЕУЗИЈА

Тотален губиток на мирисот, т.н.аносмија, уште претходно се поврзуваше со вирусите, а моментно е сè поголем бројот на податоци од повеќе земји кои укажуваат на тоа дека “значителен број” пациенти со Ковид 19 го имале и овој симптом.

Впрочем, честопати ова бил единствениот симптом – се наведува во официјалното соопштение на британското Здружение на лекари за уво, нос и грло.

Од друга страна и Американската асоцијација на оториноларинголози, исто така, наведува дека еден од можните симптоми е губиток на мирис и вкус, познат и како дисгеузија, кој може да не е пропратен со никакви знаци за респираторна болест (објавено во списанието Live Science).

Д-р Клер Хопкинс, претседател на Британското Здружение за ринологија, истакнува дека лично прегледала четири пациенти помлади од 40 кои немале ниеден друг симптом освен изненаден губиток на мирис.

До слични согледувања дошле и германските лекари од болницата во Бон кои спровеле анализа на повеќе од 100 пациенти заразени со Ковид 19 и утврдиле дека речиси 70% од нив споменале дека имале “губиток на мирисот и вкусот кој трае неколку денови”.

“Тоа иде до толку далеку, што мајката не може да го осети мирисот на полната пелена од своето бебе. Други не можат да го осетат мирисот на својот шампон, а храната воопшто нема вкус” – истакнал германскиот доктор Хендрик Стрек од одделението за вирусологија, додавајќи дека постои сомнеж дека овој симптом се јавува во подоцнежниот стадиум од инфекцијата.

ДИГЕСТИВНИ ПОРЕМЕТУВАЊА

Еден од поретките проблеми кои се јавуваат се и дигестивните тегоби, како што се: мачнина, дијареа, повраќање… Просечно еден од 10 пациенти заразени со корона вирусот има некој вид гастроинтестинални симптоми, како дијареа и мачнина.

Во извештајот на Светската здравствена организација се наведува дека околу 5% од заразените чувствуваат мачнина, но од друга страна, новите истражувања покажуваат дека таа бројка би можела да биде поголема и дека дури половина од заболените може да развијат дигестивни пречки заедно со респираторните проблеми.

Овие пациенти главно развиваат и чести симптоми како отежнато дишење, температура и кашлица – речиси 3% од проучените случаи имал само дигестивни симптоми, пренесува Business Insider.

ГЛАВОБОЛКА И НАГЛА ВРТОГЛАВИЦА

Главоболката и вртоглавицата исто така, може да бидат знаци за вирусна инфекција. Според студијата објавена во медицинското списание The Lancet приближно 8% од заразените пациенти пријавиле главоболка. Вртоглавицата е исто така забележана во некои случаи – тие биле чести или многу силни и нагли.

ОПШТА ИСЦРПЕНОСТ

Еден од најчестите пријавени атипични симптоми е дезориентираност, исцрпеност и општа неугодност. Сепак, овие симптоми во најголем број од случаите се проследени со главните симптоми како кашлица и температура.

Но, силна конфузија или неспособност да останете будни може да бидат алармантни знаци, посебно во комбинација со други симптоми, па Центарот за контрола и превенција на болести истакнува дека веднаш треба да побарате помош.

КОНЈУКТИВИТИС

Во еден до три % од заболените се јавува уште еден необичен симптом – конјуктивитис. “Многу вирусни болести може да влијаат врз окото. Забележано е дека Ковид 19 може да влијае врз конјуктивитисот кај мал број луѓе”, предупредува офтамологот Висенте Дијаз од Универзитетот јејл, додавајќи дека вирусот може да се пренесе преку секрет од очите на заболените.

Loading...