Home Рецепти Брза пита со блитва, спанаќ или коприва: Се меша пченкарното брашно со...

Брза пита со блитва, спанаќ или коприва: Се меша пченкарното брашно со состојките, се излева и пече

Фотографија и рецепт на Мирјана Вучинац

Многу здрава и вкусна пита, би требало сите да ја пробате. Потребни состојки: 4 јајца, малку сол, 200 мл јогурт или кисела павлака/кисело млеко, 100 мл масло, 300 г брашно (половина бело, половина пченкарно), 200 г блитва или спанаќ, 200 г ситно сирење и 1 прашок за печиво

Постапка: Изматете ги јајцата со половина лажиче сол, да станат пенасти. Додадете масло и продолжете со матење.

Потоа додадете јогурт, па промешуваме и додаваме брашно, пченкарното брашно, прашок за печиво и мешаме да се изедначи смесата.

На крај го додаваме блитвата/спанаќот претходно измиено и исечкан на ленти и сирење крупно издробено, да се познава повеќе.

Мешаме убаво да се изедначи и смесата ја излеваме во правоаголен калап претходно обложен со хартија за печење.Печеме на 180 степени околу 40 минути, во зависност од вашата рерна. Се послужува со јогурт или кисела павлака.

<

Фотографија и рецепт на Мирјана Вучинац