ОВИЕ ПРСТЕНИ НЕ СЕ ПРАВАТ ОД КРОМИД: ГЛАВНАТА СОСТОЈКА Е ЛУКОТ И УШТЕ ЕДНА, не впиваат масло

Похуваните мезенца очигледно се најбараните во рестораните, но и дома, кога доаѓаат гости или има некоја прослава. Сите посегнуваат по парче похуван кашкавал, похувана зденка, похувано пилешко, но највкусни се похуваните прстени кои најчесто се прават од кромид.




На сите им е добро познат рецептот за похуван кромид или „прстени“, а денес ќе ви го претставиме еден од најубавите рецепти за прстени кои всушност не се похуваат во презла, туку директно се пржат. Главните две состојки се компир и лук, а прстените излегуваат многу крцкави и не се масни. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 компири (половина килограм, поточно 435 грама, пред лупење), 36 г (2 лажици) мелен/рендан лук (поминат низ преса), 20 г несолен путер, 3 г (1 лажичка) сол, 40 г (4 лажици) бело брашно, 100 мл вода (1/2 чаша), 40 г (4 лажици) пченкарен скроб, 50 г зелен, млад кромид.




ПОСТАПКА: Компирите излупете ги и исечкајте ги на поголеми коцки. Потоа треба да ги зготвите, додека да омекнат, а тоа може да го направите на два начина. Првиот начин е да ги ставите во тенџере со вода и да ги варите додека да омекнат, па да ги исцедите од водата.




Вториот начин е да ги наредите компирите во помал огноотпорен сад, кој треба да го покриете со фолија која треба да ја дупнете на неколку места и да ги ставите компирите на печење во претходно загреана рерна на 160 степени, околу 7-10 минути, додека да омекнат со малку водичка.




Во меѓувреме, ситно исечкајте го зелениот кромид, па тргнете го настрана. Путерот ставете го на рингла, вклучена на ниска температура, па кога ќе се стопи, додајте го лукчето кое треба да биде претходно ситно исечкано или поминато низ преса.




Лукчето пржете го во путерот додека да ја испушти својата прекрасна арома и малку да потемни. Додајте 100 мл вода и продолжете со мешање додека водата да испари, а лукчето целосно да омекне. Потоа посолете, па додајте го брашното и формирајте смеса, слична на пире, па тргнете од рингла.




Варените компири испасирајте ги во пире, па соединете ги во подлабок сад заедно со динстаниот лук. Додајте го густинот и сечканиот зелен кромид, па замесете фина и мека смеса, слична на тесто.

Смесата развлечете ја на рамна површина или може да ја истапкате со прстите, па со помала чаша или шолјичка вадете кругови.

Потоа со капаче од круговите извадете на средина уште едно кругче, за да остане само прстенот. На овој начин постапете со сите кругови, додека да ја потрошите целата смеса. Ако ви останат неколку топчиња од смесата, развлечете ги во помал валјак и потоа само спојте ги краевите во помало прстенче.

Прстените треба да бидат со дијаметар од приближно 6 см, излегуваат околу 34 прстени. Пржете ги во длабоко загреано масло на средна температура, додека да станат крцкави и да добијат потемна боичка.

Вадете ги на чинија со хартија за да се исцедат од вишокот маснотија, па послужете ги со сос по вкус. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаЧОКОЛАДИ МАФИНИ: Излегуваат меки и сочни, смесата е готова за 5 минути, а потоа се печат уште 20
Следна статијаМИНИ БАЈАДЕРА: Овој колач е многу убав, се подготвува за 5 минути и е економичен, без масло