Оваа билка ги решава сите женски проблеми, а расте насекаде околу нас

Вркутата е позната како универзален лек за сите женски болести. Капките од лисјата се составен дел од многу напитоци. Цвета од крајот на мај до почетокот на есента, со мали зеленикаво-жолти цветчиња.

Листовите може да се собираат во пролетта, но најдобро е да се собираат во времето на цветање.

Вркута, Бисерок или моминска наметка содржи флавоноиди, органски киселини, танини, салицилна киселина, етерични масла и вистинско богатство од витамин Ц. Со овие состојки, оваа билка е вистинско богатство за решавање на женски проблеми.

Среднивековните алхемичари ги собирале капките од дпждовницата што се задржале во средината на листот на росникот затоа што верувале дека таа поседува разни магиски и натприродни својства.

Латинскиот назив на оваа билка , Alchemilla vulgaris, води потекло од арапскиот збор alkimiya, што значи лек за сите болести.

Помага при неплодност

Еден од потешките проблеми кои ги вознемирува жените е неможноста за забременување. Вркутата е најдобриот растителен избор за лекување неплодност.

Делува како одличен регулатор на хормоните и доведува до уредна менструација, што е многу важно при обид за оплодување.

Исто така, ги елиминира вишокот килограми и помага при полицистични јајници. 

Го запира растот на ракот на дојката:

Јапонските истражувачи откриле дека супстанцата agrimonin во вркутата спречува рак на дојката. 


Покрај тоа, ефикасно лекува воспаление на желудочната и цревната слузница,чирови, дијареа, воспаление на усната шуплина и фаринксот, рани по вадење на заби, ревматски заболувања, анемија, шеќерна болест, дебелина, појава на егземи на кожата и гнојни рани.

Помага при ПМС и менопауза

Покрај споменатите дејства врз женското здравје, вркутата делува и против миоми, ендометриоза, олеснување на менструалните тегоби, го регулира менструалниот циклус.

Се користи при болни менструации, бидејќи содржи танини кои го нормализираат крвавењето. Кога вркутата се комбинира со билката сакам-не сакам (овчарска торбичка), се добива лек против сите женски болести.

Вагиналното испирање и тампони со вркута делотворно помага при габички и други инфекции. Тампоните натопете ги со тинктура приготвена со вркута и користете ги како вагиналети.

Напомена: Не се препорачува за бремени жени, доилки и луѓе со заболувања на црниот дроб!

Чај од вркута

Се користат две чајни лажички зелена вркута во 200 мл зовриена вода. Се остава да стои 5-10 мин, потоа се процедува. Чајот се пие во мали голтки полека, три чаши дневно – свежо подготвен. 

Во случаи на аменореа чајот треба да биде повеќе концентриран (се остава да стои повеќе од 15 мин). 

Жени кои претходно имале абортус или постои ризик од истиот треба да пијат 4-6 чаши дневно чај. 

Против бел исцедок се подготвува напиток: во 1 литар зовриена вода се додаваат 50 грама исушена вркута без корен и се пие топол во текот на денот. 

Може да се пие сам или во комбинација со други билки (камилица, невен, жалфија, равнец). 

Во лекување на грчеви и мускулни болки, мускулна слабост и анемија кај децата се препорачува да се земат 2 чаши чај од вркута дневно.

РЕЦЕПТИ:

·За ублажување на менструални тегоби

Се мешаат по 50 г вркута и лист од малина, со 25 г маточина, па 1 лажица од мешавината се прелива со 200 мл зовриена вода и се остава поклопено да отстои еден час, а потоа се процедува. Се пијат 2-3 шолји свежо приготвен чај дневно.

·       За регулација на телесната тежина

Се подготвува во вид на чај.

·       Цисти на јајници

Се мешаат еднакви делови вркута, невен и ајдучка трева, па три лажици од мешавината се прелеваат со литар зовриена вода и се остава да отстои половина час, а потоа се цеди. Се пијат по три шолји чај дневно, 40 дена.

·       За плодност

Се мешаат еднакви количества вркута и горчица, па лажиче од мешавината се прелева со 200 мл зовриена вода и се остава поклопено да отстои половина час. Се цеди и се пијат 2-3 шолји чај дневно, три месеци, со паузи за време на менструација.

·       По породување

Се прелева чајно лажиче вркута со 200 мл зовриена вода и се остава да отстои 20 минути. Се цеди и се пие во голтки, 2-3 шолји чај дневно, најмалку десет дена по породувањето.

·       Вино за поттикнување на апетитот

Во 100 мл загреано вино се додава грст свежо набрани цветови вркута и се остава поклопено додека се излади. Се пие по ракиена чашичка пред секој оброк.

·       Против дијареа

Се мешаат по 25 г росник, семе од дуња, ива – трева, камилица и мајчина душица, па 3 лажици од мешавината се прелеваат со половина литар зовриена вода, се остава да отстои преку ноќ. Наутро се цеди и се пие во голтки.

·       Бања за трудници

Се потопуваат 200 г росник во ладна вода и се остава да отстои преку ноќ, а наутро се загрева, па се цеди и се додава во бањата.

·       Кожни тегоби

Се мие и се цеди грст свеж росник, а потоа се гмечи со сукало и се става на болното место. Се препорачува во случај на изгореници, убод или иритација на кожата.

·       Тинктура

Се става 200 г вркута во стаклена тегла и се прелева со комова ракија или 60 % алкохол, па се остава на топло или сончево место да отстои 3 седмици, со повремено протресување. Во случај на внатрешно крвавење се пијат 10-15 капки растворени во шолја вода, двапати дневно.

Претходна статијаДоволно е овој оброк да го изедете само ЕДНАШ и да добиете дијабетес
Следна статијаКако да излезете по голема нужда кога се брзате да излезете од дома