1. Напијте се нешто топло. Чаша топла вода, кафе или чај. Зошто? Бидејќи топлите напитоци во стомакот дејствуваат како вазодилататори, ги шират крвните садови, го подобрува протокот на крв и со тоа го поттикнува дигестивниот систем.

2. Стартувајте се. Во никој случај немојте да почнете нервозно да размислувате околу тоа дека не можете да се испразните.

Наместо тоа, раздвижете се, или направете некоја вежба за истегнување, бидејќи физичката активност, исто така ќе ги поттикне цревата.

3. Будете се порано. Ако сакате да го натерате дигестивниот систем на голема нужда, дефинитивно станувајте порано.

Со тоа ќе се воспостави рутина, во која ќе биде вклучено и одењето во веце.

4 Масажа на перинеумот. Научниците од Универзитетот во Лос Анџелес, направило истражување кое покажало дека благиот притисок на перинеумот (група на мускули околу вагиналниот и аналниот отвор) може да ја омекне столицата.

Според тоа, можете да ја поттикнете столицата со нежна масажа на тој дел од телото.

Каква храна треба да јадете?

5. Јадете храна со многу влакна. Во исхраната на дневна основа распоредете храна со високо ниво на влакна, бидејќи тие значително го подобруваат варењето на храната.

Интегрални житарки, ореви и трици може да биде идеален избор за наутро. За ручек вметнете брокула, тиквички, зелен лиснат зеленчук и грав, а за десерт јадете јаболка и круши со кората, бидејќи таа содржи најголем процент на влакна.

6. Јога позата Ardha-Matsyendrasana (свртување на карлицата во седечка положба). Прво клекнете, а потоа лесно спуштете се, односно седнете на подот со десната страна на стопалото.

Потоа левата нога и левото стопало, поставете го од надворешната страна на десното колено, а со десната рака, дофатете го левото колено.

Оваа положба го стимулира комплетниот дигестивен систем и им помага на цревата да се разработат.