Нашата народна медицина е богата со изобилство на лековити рецепти за приготвување на природни лекови кои луѓето ги користеле во времето кога не постоеле лековите на официјалната медицина.




Старите Македонци отсекогаш ги ценеле билките, а особено познавачите редовно оделе во шумите и ливадите, во одредени периоди од годината, да ги берат драгоцените растенија и соодветно да ги складираат, за подоцна од нив да приготвуваат разни лековити препарати.




Оттогаш па до денес голем број од овие препарати никогаш не престанале да се применуваат, затоа што биле ефикасни и продолжиле да се пренесуваат фамилијарно од колено на колено, особено во семејствата на билкарите.




Нашите стари говореле дека и здравите и болните луѓе подеднакво треба да го чуваат својот имунитет, па затоа овие лековити рецепти им се препорачуваат на сите. Ова се само некои од нив, наменети за јакнење на организмот и кај здрави и кај болни лица.




ОСКОРУШИ И МЕД: Земете еден литар свеж сок од оскоруша, старо, речиси заборавено овошје (тоа се плодови кои имаат изглед на јаболко или круша) и помешајте го со 1,5 кг мед. Сокот и медот треба добро да се промешаат и соединат. Сирупот складирајте го во стаклена тегла или шише, по можност темно, завиткано со алуминиумска фолија.




Пред секој од главните оброци – појадок, ручек и вечера, се пие по 100 г од напитокот. За да го зајакнете организмот после некоја болест, овој напиток треба да се конcyмира минимум 10 дена секојдневно, без прекини.




ЗЕЛЕНИЧЕ (vinka minor) освен што ја краси градината, исто така може да го јакне и организмот: Зелениче во добро вино. Ситно исечкајте листови од зелениче за да добиете количина од 6 супени лажици, па истото прелијте го со еден литар добро вино (најдобро да биде бели, но може и какво имате, само да е квалитетно).




Добро затворете го стакленото шише и оставете го во топла соба да отстои 20 дена (ако се приготвува летно време, не го изложувајте на директна сончева светлина). Шишето треба секојдневно да се протресува неколкупати, за да можат соковите рамномерно да се растворат.




После дваесет дена процедете го напитокот и пијте по 100 г секој ден после појадок, ручек и вечера. Напитокот се користи 10 дена. Додека трае терапијата потребно е да се внимава на исхраната и да не се консумира или меша со други ал-кох-олни пијалаци.




РУЗМАРИН И НАНЕ ВО ВИНО – Измешајте заедно по 5 супени лажици ситно исечкан лист од рузмарин и лист од нане. Мешавината прелијте ја со еден литар добро, квалитетно вино. Убаво затворете го стакленото шише и оставете го да отстои 20 дена во топла соба.




Секој ден повеќепати протресувајте го шишето со лековитиот напиток. Кога ќе изминат дваесет дена, напитокот процедете го, преточете го во друго чисто стаклено шише. Пијте секој ден после јадење (после трите главни оброци) по 100 г. Овој лековит напиток особено се препорачува за јакнење на организмот после тешки болести. Третманот трае десет дена.