КАКАО КОЛАЧ: едноставен и изненадувачки вкусен со необичен прелив кој дава свежина

Овој вкусен какао колач е навистина многу едноставен и лесно се прави. Бев изненадена од постапката, а сега постојано ми е на трпеза и цела тепсија веднаш ја јадеме. Одозгора има вкусен прелив кој дава посебна свежина.




Потребни состојки: 4 жолчки, 200 г шеќер, 200 мл вода, 150 мл масло, 200 г брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво, 4 лажици какао, 4 белки изматени во цврст снег. За премачкување: 4-5 лажици џем од кајсии или некој друг џем по ваша желба, 200 мл кисела павлака. За глазура: 60 г чоколадо за готвење, 1 лажица масло, 1 лажица млеко.




Постапка: Изматете ги жолчките со шеќерот, додајте вода и масло и уште малку измешајте со миксер. Во изматените жолчки додајте просеано брашно, какао и прашок за печиво и повторно измешајте со миксер.




Внимателно додајте ги белките во смесата, соединете, па истурете сè во плех со димензии 40х30 см, израмнете и печете во рерна загреана на 180°C околу 30 минути. Испеченото тесто извадете го од рерна и оставете го да се излади.




Ладно пресечете на половина, па едната половина премачкајте ја со 4 лажици џем од кајсии и премачкајте ја со малку изматена павлака. Одозгора преклопете со вториот дел од кората. Одозгора нанесете 1 лажица џем од кајсија во тенок слој.

Подгответе ја глазурата така што ќе ги стопите чоколадото, маслото и млекото и убаво измешајте за да добиете мазна и изедначена маса. Прелијте го колачот со чоколадната глазура.




Изладената торта исечете ја на посакувана големина парчиња и послужете ја со или без шлаг. Оваа торта може да ја правите и за празници и други прослави, но кај нас дома се прави секоја недела. / Coolinarka.com

II верзија: Пудинг колач со какао кори и ореви а помеѓу два фила со биксвити. Ова е превкусен пудинг колач со какао кори и ореви, а помеѓу има два фила од какао петит бисквити кои ја дополнуваат комбинацијата.

Потребни состојки за кора: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 150 г мелени ореви, 1 полна лажица какао, 5 лажици брашно, 3 лажици масло, 3 лажици ладна вода, 5 г прашок за печиво (а може да се стави и цела кесичка).

ЗА КРЕМ I И II: 1 литар млеко, 3 пудинг од ванила, 5 лажици кристален шеќер, 150 г чоколадо (какво сакате), 200 г маргарин / путер, 100 г шеќер во прав, 200 мл слатка павлака, 80 г петит бисквити, млеко за натопување на бисквитите.




Постапка: Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Пенасто изматете ги белките, па постепено додавајте шеќер со постојано матење за да се растопи. Кога ќе добиете цврст снег, додавајте ги жолчките, па водата и на крајот маслото, за сето време матејќи со миксерот.

На крај додајте ореви, брашно, какао и прашок за печиво, па сето соединете го во смеса без грутчиња. Смесата излејте ја во обложен плех со хартија (30х20 см) и ставете да се пече. Кога ќе ставите да се пече температурата намалете ја на 180 степени.




Кората печете ја околу 20-25 минути. Допрете ја со дланката полека, нежно, кората треба да е мека, но не премека, да не пропаѓаат прстите внатре. Значи прво допрете со дланка, па тестирајте со чепкалка.

Пудингот разматете го со шеќер, па додајте малку ладно млеко, а остатокот ставете го на оган да зоврие, а потоа сварете го пудингот со постојано мешање додека да згусне.




Тргнете од оган, па половина од пудинкгот излејте во друг сад во кој ќе искршите чоколадо и ќе мешате додека да се растопи. И двата дел пудинзи прекријте ги со проѕирна фолија за да не фатат коричка и оставете да изладат.

Изматете пенасто путер претходно оставен на собна температура, заедно со шеќер во прав. Поделете го на половина, па едниот дел спојте го со едниот пудинг, вториот дел со чоколадниот. Изматете ја и слатката павлака, па во секој дел додадете по 2 супени полни лажици и повторно изматете.

Изладената кора пресечете ја хоризонтално, така да добиете две тенки кори (ако не сакате вака да ја сечете, тогаш печете во големиот плех од рерна, па тогаш само на половина пресечете.

Редење: кора, еден цел фил, бисквити натопени во млеко, па вториот цел фил и на крај втората кора. Одозгора се премалкува со шлагот и се остава во фрижидер да излади.

Претходна статијаЈУЛПИТА: ако има нешто лесно за правење тогаш тоа е овој колач, старински рецепт со неверојатен вкус
Следна статијаОва се рецептите со кои старите Македонци го зајакнувале имунитетот и се лекувале во текот на зимата