Ова се подмолни симптоми дека веројатно сте имале мозочен удар и дека наскоро ве чека и втор

Веројатно си мислевте дека мозочниот удар е состојба која ги погодува само возрасните лица, но, лекарите велат дека ова може да му се случи секому, на било која возраст. Еве што треба да знаете за раните знаци и симптоми, па дури и ако сте млади:

1.Замаглен вид или краткотрајно губење на видот

Почетокот на мозочниот удар може да предизвика слабеење на видот, замаглување или дури и губиток на видот на едното или двете очи. 44% кои доживеале удар велат дека губитокот на видот е силен симптом.

2.Ненадејна главоболка и вртоглавица

Според зборовите на Дејвид Њуман од Универзитетот за неврологија, вртогалвицата е силен знак за мозочен удар кај жените помлади од 45 години. Ако почувствувате ненадејна вртоглавица побарајте лекарска помош и направете испитувања.

3.Неповрзано зборување

Најраниот знак за мозочен удар е кога ќе започнете да зборувате неповрзани работи. Во почетокот тоа се мали заблуди околу часот, времето или датумот. На основни прашања (на пример колку е 3*3) доколку одговорот е погрешен, или доколку говорот е како во делириум, конфузно однесување или губиток на способноста за говор – сето тоа говори за можен претрпен мозочен удар.

4.Ненадејна слабост или одземеност во долните екстремитети

Ненадејната слабост, млитавост или одземеност на рацете или нозете, може да биде силен знак за мозочен удар. Ова може да доведе до парализа или колабирање.

Во повеќето случаи парализата е поврзана со мозокот кој пати од мозочен удар. Најдобро е да ги испружите рацете на дланките во висина во времетраење од 10 секунди, па доколку едната рака ви падне, тогаш тоа е знак за слабеење на мускулите.

5.Болка во едната страна од лицето

Болката не е чест симптом за мозочен удар, меѓутоа, ако почувствувате ненадејна болка во нозете или особено на едната страна од лицето, тогаш знакот е очигледен.

6.Главоболки и мигрени

Острата главоболка е чест показател за мозочен удар. Студиите покажале дека помеѓу 588 волонтери кои почувствувале остра главоболка со мозочен удар, повеќето биле млади со чести мигрени.

Исто така, се покажало дека ова почесто ги погодува жените отколку мажите. Ако почувствувате ваков симптом, потребно е да направите магнетна резонантна томографија.

7.Слабеење на лицето

Ако лицето ви е полупарализирано, ова е екстремен показател дека имате мозочен удар.

8.Исцрпеност

Студиите исто така, покажале дека меѓу погодените луѓе, жените повеќе покажуваат замор, конфузија, дезориентација и исцрпеност. Уште еден показател за мозочен удар.

9.Икање

Овој знак на предупредување влијае главно врз жените и може да доведе до нагло, константно икање. Тоа е поради мозочниот удар кој го напаѓа центарот за дишење во мозокот.

10.Недостиг на воздух и треперење

Кога ќе не нападне мозочниот удар, можете да почувствувате ненадеен губиток на воздух и отежнато дишење. Ова укажува на срцева аритмија поради недостигот на кислород.

Иако претежно овој симптом се јавува кај жените, ова е уште еден показател кој не треба да се игнорира. За да одбегнете удар, важно е да водите здрав живот, редовно да бидете физички активни и да се одморате.

Претходна статијаШарен пченкарен леб, по мој ќеиф, а и на децата им се допадна
Следна статијаПрепораки од Жан Митрев: За време на празниците комбинирајте ја вака храната за да имате енергија