Ова мора да го знаете за доматите ако сакате да имаат голем и сочен род, целата тајна е во листовите

Невозможно е да се замисли една градина без домати кои даваат многу слатки плодови. Обично растењето и одгледувањето на доматите е доста лесно, но за да имате одличен принос потребно е да следите неколку правила во текот на вегетацијата на доматот.




Кога ќе почнат да растат првите плодови, доматчиња, доаѓа време да се отстранат долните листови на доматот. Првенствено овие листови се вадат бидејќи ја завршиле својата функција за носење храна на кореновиот систем, стеблото и плодот.




Овие листови, доколку не се пресечат може да бидат причина за појавување на болести на растението, особено ако ја допираат земјата. Билката исто така може да почне да пушта израстоци од нејзините подземни делови, кои може да ги искористите за да ги пресадите. Така, понатаму ќе имате принос од билки и плодови со еднаков квалитет.




Одлично е доколку овие израстоци го пуштиле својот корен кој има бела боја. Пресадувањето на израстоците овозможува вашите домати од нив да растат поголеми и посочни. Од друга страна, како што напишавме погоре, повеќето листови кои ја допираат земјата се склони кон развивање на болести на самата билка и затоа мора да се отстранат.

домати




Но, во текот на развојот се прави голема лисна маса која троши вода и хранливи материи од земјата. Поради таа причина, аматерските градинари често се среќаваат со појавата на големо растение кое дава многу мали плодови во мала количина.




Долните листови на билката мора да се отстранат најмногу поради причината што ја допираат површината, а поради поголема изложеност на влага, тие стануваат жолти и скапуваат. Исто така, и циркулацијата во долниот дел на билката е намалена.




Често билката откога ќе ги пушти своите плодови, започнува да формира дополнителна долга гранка на која треба да почнат да растат плодови. Таа екстензија (гранка) треба веднаш да се поткастри за да се зачува квалитетот на самиот плод.




При сечење на листовите, важно е тоа да го правите кога билките ќе бидат добро вкоренети во земјата, а не веднаш по самото пресадување. Доколку билката ја чувате во саксија, треба редовно да ја чистите од жолтите листови.




Симптомите на жолти листови посочуваат дека билката е слабо исхранета од земјата, добива мала количина на светлина поради лошата циркулација и влагата во тој простор е голема за да го издржи самото растение.




Кај некои растенија понекогаш листовите се згуснуваат и растат во поголем број на одредено место. Ваквите листови ја оневозможуваат светлината да дојде до самата земја, па затоа тие се неисхранети и плодовите речиси и да ги нема.




Во овој случај, потребно е да се проретчат листовите на местото кое што се збиени, а тоа најчесто се прави од северната страна на растението. Важно е сите листови да не ги сечете веднаш, тоа се прави во интервали и потоа се забележуваат промените кои влијаат на растението. Отстранувајте по 2-3 листа во текот на една седмица.

Кога ќе се формираат млади плодови, се отстрануваат и листовите под првата цветна гранка за да се овозможи место да растат новите плодови, oставајќи најмалку 2 листови под првата цветна гранка. Деталите од целото објаснување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаЈогуртни пишии за 15 минути: Бирате помеѓу благи и солени, а потоа ги јадете со сласт
Следна статијаПотребни ви се 2 недели и неколку лимони за да намалите 10 килограми, диетата е многу едноставна