ОВА Е ТАЈНАТА ЗА КРЦКАВО И СОЧНО ПРАСЕЧКО: Ви требаат само 2 состојки за месото да биде СОВРШЕНО – подобро од фурна!…Испечете го по овој рецепт и нема да се покаете! Еве што ви е потребно според рецептот на Валентина:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 кг свинско месо
200 г сол
500 мл пиво
100-150 г свинска маст

ПОСТАПКА:

Месото измијте го, потоа исушете го со хартиена салветка и на неколку места засечете го. Потоа посипете го со многу сол од секоја страна. Откако ќе го посолите премачкајте го со маст.

Најдобро е наизменично да го мачкате со маст и да го посипувате со сол, зашто така најдобро ќе се налепи солта за него.

Во плехот од рерна сипете приближно 1 литар вода, а врз него поставете решетка. Месото ставете го врз рештката со кожата свртено нагоре. Месото ќе се пече многу поубава вака, од пареата ќе омекне, а маста која ќе капе нема да прска.

Ставете го во ладна рерна (за да не му испука кожата ако го ставите во врела рерна), па вклучете да се пече на 180 степени целзиусови (вкупно околу 3 часа).

За 1 килограм месо е потребно печење од приближно еден час. После еден час печење свртете го и од другата страна, па продолжете го печењето уште еден час.

После еден час повторно превртете го и прелијте го со пиво. Вратете го месото во рерна да се пече уште 45 минути. Потоа земете еден мал сад, сипете една рамна лажица сол и околу 50 мл пиво, па со овој раствор премачкајте го месото.

Вратете го да се допече во рерна и во следните половина час повремено премачкувајте го со овој раствор. На овој начин кората ќе биде многу крцкава и неодоливо вкусна. Деталите од презентацијата погледнете ги во видеото ОВДЕ.