Многу одамна нашата читателка Ирена Радевска ни го испрати овој рецепт за читателите на НМД.мк и ни објасни дека со негова помош успеала да реши еден голем проблем – хемороидите.




Не само што со овој природен лек си помогнала себеси, туку и на сите што им го кажала и го испробале, им помогнал да си решат својот проблем. Рецептот е испробан и на многумина им помогнал, вели Ирена.




Може да се користи подеднаквои и за внатрешни и надворешни хемороиди, со тоа што за внатрешните е потребно малку подолго време. Според нејзиното искуство, подобрување има за 3-4 дена, а кај надворешните хемороиди доаѓа и до целосно повлекување.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 50 г ајдучка трева, 50 г коњско опавче, 50 г овчарска торбичка, 50 г невен и 50 г крушина. Сите билки можете да ги набавите од Билна аптека или од проверен билкар.




Постапка: земете по 50 г суви билки (од сите пет подеднакво). Доколку користите свежи билки, тогаш потребно е барем еден или два дена да ги оставите на провев, а потоа да ги користите во двојна количина, односно од секоја по 100 грама.




Сите билки се ставаат во хартиена или платнена кеса, па се мешаат со дрвена лажица додека да се изедначат состојките. Најдобро би било истите да бидат исечкани што поситно за да бобиете изедначена мешавина.




Земете две супени лажици од мешавината, па прелијте ги 700 мл вода. Тенџерето ставете го на оган и од моментот кога ќе зоврие, промешајте и намалете ја температурата.




Чајот треба да се вари 20 минути на умерен оган, со што ќе испарат 100-тина мл вода. По изминатото време чајот се процедува и се дели на три дела, во три шолји, кои се пијат половина час пред јадење, трипати на ден.




Се пие по следниот редослед: една шолја се пие половина час пред појадок, втората шолја се пие половина час пред ручек, а третата шолја се пие пред вечера или два часа пред спиење. Овој чај се пие вкупно седум дена.




Коментар на Јадранка Заовска: „Одличен пост, а еве уште еден рецепт за хемороиди. Се прави тинктура од билката Galinsoga parviflora, одличен за хемороиди, дебело црево, мускули… Пробајте ќе се уверите“.




Инаку, станува збор за самоника билка која се нарекува „Пиперниче“ затоа што расте токму помеѓу пиперките во бавчата и се третира како плевел, но може да се најде и на други места како самоника билка.

фото: Илустрација