Ова е нов рецепт за ледени коцки, вакви сигурно не сте пробале

Најубавиот кремаст колач што сум го јадела во последно време!

Потребни состојки:

8 белки
8 лажици шеќер во прав
8 лажици брашно
1 прашок за печиво

За прелевање на кората: 150 мл ладно млеко

За фил:

700 мл млеко
8 жолчки
5 лажици шеќер
9 лажици брашно
1 ванилин шеќер
200 г путер
100 г шеќер во прав
200 мл слатка павлака за шлаг

И уште:

2 шлага во прав
2 шлаг креми со вкус на ванила
По потреба ладно млеко

Постапка:

Се двојат белките и се матат во цврст снег со постепено додавање на шеќерот во прав. Се мати додека шеќерот да се растопи во белките. Потоа полека се додава брашното помешано со прашок за печиво, па со лажица внимателно се промешаува за да остане смесата воздушеста.

Се излева во плех 35х35 см намастен со масло и се израмнува. Се пече на 180 степени, додека малку да зарумени, 15-тина минути. Врелата кора се прелива со млеко, па се остава да излади.

За крем: во малку ладно млеко изматете ги жолчките, додадете го брашното и изматете. Додадете уште малку млеко за да биде ретка смесата. Остатокот од млекото и шеќерот ставете ги да провријат, па додадете ја смесата и брзо мешајте додека да згусне. Кремот оставете го да излади со повремено мешање.

Изматете ја слатката павлака и оставете ја на страна, изматете го путерот со шеќер во прав, потоа изматете го изладениот крем и додавајте малку по малку во путерот за да се соедини. Додадете ја и изматената слатка павлака па матете додека да добиете сјаен и мазен крем.

Изладениот крем премачкајте го кремот. Потоа изматете го шлагот и шлаг кремот со млеко (според упатството), па премачкајте преку филот. По желба наросете какао преку цедалка. Оставете добро да излади, најдобро преку цела ноќ.

Loading...