Банана торта: Многу вкусна и освежителна торта, прелесна за правење

Фото и рецепт: Gulseven Omar Sejfula

Потребни состојки:

4 пудинзи од ванила
400 г кршени пишкоти или бисквити
2 пакетчиња ресани
200 г желе бонбони
5 крем банани
4 банани со средна големина
2 кесички шлаг пена
250 г путер/маргарин
250 г шеќер во прав
1 литар млеко

Постапка:

Пудинзите се варат во 1 литар млеко со 12 лажици шеќер. Кремот се остава да излади со повремено мешање за да не фати кора.

Путерот го матиме со миксер, заедно со шеќер во прав за да стане пенаст, па потоа се меша се пудингот. Во оваа смеса се сосаваат кршени пишкоти.

Ресаните се сечат на четвртинки, желе бонбоните исто така, крем бананите… и убаво се меша за да се изедначи смесата. Добиениот крем се дели на два еднакви делови.

Во калап обложен со проѕирна фолија (јас користев поголемо тенџере за да одговара на висината на тортата), па го редиме едниот дел од кремот, а врз него се редат сечкани банани. Врз бананите се нанесува вториот дел, па се остава во фрижидер неколку часови за да се стегне тортата (може и во замрзнувач).

Откако убаво ќе се стегне тортата, се става во чинија за послужување на торти и врз неа го нанесуваме изматениот шлаг крем, па повторно се враќа уште половина час во фрижидер. Потоа се сече. Многу вкусна и освежителна торта, прелесна за правење.

Одозгора украсете по желба, со топено чоколадо или нешто по ваша желба.

Банана торта (Фото и рецепт: Gulseven Omar Sejfula)

Банана торта (Фото и рецепт: Gulseven Omar Sejfula)
Loading...