Многу вкусно јадење, се топи во уста.

Потребни состојки: 1 кг тиквички, 500 мл млеко, 4 лажици путер, 3 лажици брашно
2 јајца, сол, црн пипер, мускантно оревче, 100-150 г кашкавал, 60-80 г пармезан и околу 12 готови коризи за лазањи

Постапка: Од брашното, путерот и млекото направете бешамел. Кога ќе згусне тргнете го на страна сосот да излади, а потоа во него промешајте едно по едно јајце и зачинете со мускантно оревче, сол, црн пипер, а на крај додадете рендан кашкавал (гауда).

Во бешамел сосот додадете рендан кашкавал

На дното од огноотпорен сад наредете кори за лазањи (обично претходно малку ги варам а сега не го сторив тоа и супер излегоа, побрзо и поедноставно), па преку корите наредете тиквички тенко исечени на тркалца или ленти (или изрендани, не треба да ги солите), па одозгора нарендајте малку пармезан.

наредете кори, па тенко исечени тиквички на ленти

Прелијте со малку бешамел сос и продолжете на истиот начин додека да ви се потрошат намирниците. Оставете барем 1 час да отстои пред печење (за да можат корите да го впијат бешамел сосот и сокот од тиквичките.

врз тиквичките нанесете бешамел сос

Завршниот слој оставете да биде кори од лазањи, бешамел и пармезан.

Ставете да се пече околу 45 минути на 180 степени. Оставете 10-тина минути да излади малку пред сечењето. Послужете топло (а вкусно е и кога ќе излади).

лазањите со тиквички се печат 45 минути на 180 степени