Синоќа ја направив оваа пита со јаболка и сопругот се изненади колку добар вкус и текстура има, особено затоа што од моментот на постапката за приготвување до послужувањето не помина многу долго време.

Ова навистина е најлесниот и најбрзиот рецепт за најубавата пита со јаболка.

Вниманието ми го привлече видеорецептот кој имаше милионски прегледи, но и коментарите од оние кои го испробале.

Во Австралија на пример, оваа пита се нарекувала „сунѓер колач со јаболка“, а може да се приготви и со ананас или некое друго овошје по желба.

Не се покајав што си го запишав рецептот и што го испробав, зашто отсега често ќе биде на нашето мени. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јаболка, 3 јајца (големи), 180 мл млеко, 150 г шеќер, 1 прстофат сол, 300 г брашно, 80 г путер, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1/2мала лажичка цимет или по вкус, 1 мала лажичка екстракт од ванила, ситно рендана кора од лимон, сок од лимон

ПОСТАПКА: Во подлабок сад за матење скршете ги јајцата кои претходно малку отстојале на собна температура.

Додајте прстофат сол, 150 г шеќер, па со рачна маталка или со миксер изматете ги додека шеќерот да започне малку да се растопува и смесата да осветли и згусне.

Потоа додајте 180 мл млеко и 80 мл несолен путер или слаткарски маргарин, претходно растопен во микробранова печка или на тивок оган (малку разладен).

По вкус додајте малку екстракт од ванила, па повторно изматете за да се соединат сите состојки.

Ситно изрендајте кора од еден лимон во количина од една лажичка, па додајте во течната мешавина.

За поубав мирис и арома на колачот додајте и половина лажичка цимет, а потоа започнете со додавањето на сувите состојки: прашокот за печиво (10 г) и брашното (300 г), кои е најубаво да бидат просеани.


Матете сè додека да добиете хомогена, мазна смеса без грутчиња. Оставете настрана додека да ги исечкате јаболката. За овој рецепт потребни ви се 3 јаболка (700 г), кои ако се домашни, не мора ниту да ги лупите.

Само исчистете ги од семките и исечкајте ги на коцкички. Залијте ги со лимонов сок и додајте ги во тестото. Промешајте.


Калап со големина од 34х24 см (или со слични домензии) намастете го на дното и ѕидовите со малку масло или путер, па излејте ја во него целата смеса и рамномерно распоредете ја за да се израмни.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40-45 минути (проверете со чепкалка кога е готова).


Оставете малку да подизлади, па превртете ја врз решетка за да се олади. Ако сте нестрпливи можете веднаш да ја послужите топла, или пак, да почекате да се олади и да ја наросите со шеќер во прав или да ја залиете со некој сируп.

Ние така ја изедовме уште додека беше врела. Мириса прекрасно, а вкусот е неодолив. Деталите погледнете ги ОВДЕ.