Маргаринот е евтина и често користена состојка во исхраната поради нејзиниот неутрален вкус и мирис. Кога станува збор за изборот помеѓу путер и маргарин многумина имаат различен став, бидејќи иако навидум се многу слични и во рецептите се употребуваат на идентичен начин, сепак овие намирници имаат различен состав.

За маргаринот обично се вели дека „за една молекула се разликува од пластиката“ и дека доколку се остави на собна температура во долг временски период нема воопшто да се расипе, ниту ќе ги смени бојата, вкусот и мирисот. Од здравствени причини многумина го одбегнуваат.

рецепт 1

Овојпат ќе ви претставиме неколку рецепти за подготовка на домашен „маргарин“ кој е многу повкусен и поздрав од купечкиот, лесно и релативно се прави од состојки кои сите ги имаме дома. Може да се мачка на лепче или да се користи во рецепти на вообичаен начин. Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г кокосово масло (на собна температура), 250 мл обично растително масло со неутрален вкус (сончогледово, соино, од репка..), 250 мл млеко (на собна температура), 1/2 рамно мало лажиче сол, прстофат куркума за боја (не мора)

За сите оние кои не можат да користат млеко од животинско потекло, можат да изберат од разните растителни млека како што се: соино, оризово, бадемово, кокосово и сл. Јас користам полномасен јогурт, бидејќи ми се допаѓаат намазите од тој тип. Ако користите јогурт како мене, употребете некој покисел, за да добиете поизразена арома.

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 полни супени лажици кокосова маст, 3 супени лажици растително масло (сончогледово или некое неутрално), 2 супени лажици млеко на собна температура, 2 супени лажици жолчка од јајце (2 жолчки од мали јајца), лимонов сок

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1/2 мала шолја млеко или вода, 1 мала шолја масло (сончогледово или мешавина од сончогледово со маслиново или кокосово масло), 1 жолчка, 1 мала лажичка лимонов сок, 1/2 мала лажичка сол

ПОСТАПКА за рецепт 1: Во длабок сад изматете го кокосовата/растителна маст со малку сол. Користете миксер со продолжетоци за шлаг и матете сè додека да добиете кремаста структура. Додајте го прво маслото и миксајте понатаму со најмала брзина додека да се соедини со маста.

Потоа додајте го млекото и кратко миксајте на најмала брзина додека тоа да се соедини со смесата. Потоа постепено зголемете ја брзината и матете додека таа да стане пенлива, целосно мазна и еднолична.

Маргаринот кој се добива со оваа постапка има изразено бела боја. Кој сака по желба на крајот може да додадете малку куркума, до посакуваната боја. Исто така, може да додавате и зачински билки по вкус. Маргаринот складирајте го во пластичен сад со капак и оставете го во фрижидер најмалку 6 часа за да се стегне. Следи постапката за вториот рецеот:

ПОСТАПКА за рецепт 2: обично кокосовата маст е во цврста состојба, а за овој рецепт ќе ни биде потребна во течна. Затоа, наполнете две супени лажици во еден сад и растопете ги на многу тивок оган (не смее да зоврие). Потоа додајте 3 супени лажици растително масло и веднаш садот тргнете го од оган и ставете го во друг, поголем сад полн со коцки мраз.

Започнете со мешање на маслата додека тие се ладат. Може да употребите обична виљушка или пак кујнска жица-маталка и мешајте додека тие да се соединат и да добиете кремаста структура со млечно бела боја. Потоа тргнете го садот настрана и додајте две супени лажици млеко и две супени лажици сирова жолчка. Измешајте за да се соединат, па додајте малку лимонов сок (1-2 мали лажички).

Во овој рецепт директно се додаваат сирови жолчки (старите рецепти секогаш користеле сирови јајца), но секако, претходно можете термички да ги обработите на пареа и да ги додадете според рецептот откако ќе се оладат. Матете додека смесата да се соедини, а потоа додавајте зачиснки билки по вкус, како ситно сечкан влашец, копар, оригано и слично. Деталите погледнете ги ОВДЕ, а следи и постапката за третиот рецепт:

ПОСТАПКА за рецепт 3: во еден поголем сад ставете мраз и ладна вода за да може да се одржува температурата на приближно 0 степени Целзиусови. Во помал сад кој може да се нурне во поголемиот сад со мраз, додајте ги состојките на следниот начин:

Загрејте ги водата и маслото на приближно 40 степени (да бидат млаки). во помалиот сад сипете го загреаното масло, додајте ја жолчката и матете со најголема брзина со миксерот додека да се соединат. Потоа започнете постепено да го додавате млекото (водата), малку по малку, и матете 2-3 минути додека да се соединат состојките.

Додајте лимонов сок и сол, па лесно матите додека маргаринот да се згусне. По желба на крај можете да додадете некој зачин по желба. Сладирајте го во некој сад со капак и чувајте го во фрижидер. најдобро е да се искористи во рок од 2-3 дена.