Од ова тесто се прави најубавата вртена погача. Се подготвува за час, а може да се користи за масна и посна пита, на наједноставен начин добивате домашна пита која заслужува 10.

Нема домаќинка која не сака да направи своја, домашна кора за пита. Можеби развлекувањето кори понекогаш изгледа тешко, но оваа кора се развлекува многу едноставно и можат да ја подготват дури и оние кои немаат искуство во кујната.

Според рецептот на Валентина Машковиќ подгответе две/три или четири вртени пити, со кои ќе ги израдувате вашите најмили. Питите филувајте ги по желба. Во рецептот, се подготвува една поголема пита со две кори и 2 помали со ист фил.

Едната пита е подготвена со праз и кромид, а другите две со праз и сирење, но може и со месо. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г брашно, сол и вода по потреба. Водата се додава постепено на собна температура додека се замесува тестото. Тестото се замесува од овие 3 состојки, а питата може да ја направите посна и масна, како сакате.

ПОСТАПКА: Во поголем сад измерете 600 г брашно. Може и 700 г ако правите 2 пити, јас ставив нешто измеѓу. Сол се додава по потреба, обично се додава 2 кафени лажички сол. Водата која треба постепено да ја додавате во садот потребно е да биде  топла.

Тестото излегува многу меко и воздушесто. Вода додавајте по потреба сè додека да формирате тесто кое е соединето и не се лепи меѓу прстите. Прво замесете го тестото во сад, а потоа префрлете го на рамна набрашнета површина и уште малку домесете го, додека да стане компактно.

Вака подготвеното тесто обликувајте го во форма на валјак и откога добро ќе го замесите поделете го на 4 дела, приближно 200–220 г е секој дел. Потоа земете пластичен плех за торта (правоаголен) или каков имате. Набрашнете го пластичниот плех. Може и да го намастите со масло.

Замесете ги уште малку топчињата (деловите) кои ги поделивте, ставете ги на набрашнетиот плех и покријте ги со проѕирна фолија и оставете да одморат најмалку 30 минути. Ако просторијата во која го замесивте тестото е ладна, оставете ги да отстојат околу 40 минути, но доколку е топла, 30 минути се сосем доволни.

Во меѓувреме, додека го чекате тестото, ситно исечкајте го празот и кромидот (за посна погача). За празот искористив 4 дебели стебленца, а ако имате тенки исечкајте 5–6 стебленца.

Може да користите масло за пржење на празот. На средна температура, пропржете го празот и кромидот. Не мешајте постојано за да не се формира кашеста смеса.

Откога ќе го испржите празот, една третина додајте во сирењето за подготовка на масна погача, доколку правите две како мене. Измешајте го сирењето со празот. При пржењето на празот и кромидот, посолете со сол и црн пипер по желба.

Откога тестото ќе одмори, набрашнете ја масата и префрлете еден дел од пресеченото тесто. Другите делови покријте ги повторно со проѕирната фолија.

Тестото кое сега ќе го месите, потребно е да го развлечете со оклагија. Развлекувајте додека да добиете тенка кора, а потоа набрашнете и одозгора. Ова тесто тргнете го настрана и развлечете го вториот дел.

Кората која прва ја развлекувавте започнете со прстите да ја издолжувате. Односно развлекувајте ја како да си ја подавате низ рацете. Ова е многу лесен начин на развлекување на корите, но успева само ако го оставите тестото претходно да отстои потребното време додека да стане еластично.

Откога ќе ја ставите развлечената кора на масата, почекајте околу 10 секунди за кората убаво да спласне. Во зависност од температурата во собата, можеби ќе биде потребно да почекате повеќе од 10 секунди.

Започнете со развлекување на краевите кон секој раб на масата. Развлекувајте ја кората од сите страни наизменично додека да стане голема колку целата маса и да ја покрие целата маса како чаршаф.

Дополнително масло не се премачкува на кората бидејќи празот е доволно масен од пржењето. Наредете од празот насекаде низ кората која е развлечена преку целата маса. Кога ќе го распоредите целиот фил, најпрво со едната страна преклопете гсо чаршафот. Потоа од другите две страни преклопете по малку накај средината.

Преклопувајте малку по малку додека да ја затворите целата пита од првата страна како што започнавте со преклопување (погледни видео).

Крајниот резултат е да добиете долгнавесто тесто во форма на валјак. Откога ќе го преклопите тестото, започнете да ја вртите питата кон внатрешноста како полжав. Во плех или тепсија кој е малку намастен ставете ја питата.

Со второто парче тесто кое го развлековте со оклагија повторете го истиот процес на развлекување на тестото помеѓу прстите, а потоа ставете го на масата исто како и првата пита. Развлечете го преку целата површина на масата, додајте од филот.

Во оваа пита ставете од филот со праз и сирење. Преклопете ги краевите да добиете валјак и завитакајте ја питата како првата. Печете во загреана рерна на 200 степени, додека да порумени и да добие крцкава кора. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.