Многу вкусен ролат кој потсетува на сладолед.

Потребни состојки:

6 јајца
2 лажици врела вода
150 г шеќер во прав
60 г брашно
50 г мелени ореви
1 ванилин шеќер

За фил:

400 мл млеко
1 пудинг од ванила
200 г путер
150 г шеќер во прав
2-3 банани
3-4 лажици чоколадни трошки

За декорација:

2 шлаг креми
2 лажици еурокрем
3 лажици мелени ореви

Постапка:

Жолчките пенасто изматете ги со 75 г шеќер во прав. Додадете 2 лажици врела вода и матете додека смесата да згусне и да посветли.

Белките изматете ги во цврст снег, додадете го преостанатиот шеќер и ванилин шеќер.
Во изматените жолчки полека додадете го брашното со мелените ореви. Постепено додавајте го снегот од белки и внимателно промешајте, да остане воздушеста смесата.

Печете во плех 30х40 обложен со хартија, на 180 степени, 20 минути.
Испечената кора веднаш префрлете ја на крпа наросена со шеќер и свиткајте во ролат.

За фил сварете пудинг во 400 мл млеко и оставете да излади на собна температура (одозгора наросете со шеќер за да не се направи кора или покријте со проѕирна фолија.

Омекнатиот путер изматете го пенасто со шеќер во прав и постепено соединете го со пудингот. Во филот додадете чоколадни трошки и добро промешајте, оставете 30 минути во фрижидер.

Одвиткајте ја крпата со кората и нанесете го филот преку целата кора. Бананите излупете ги, отстранети им ги краевите и наредете ги една до друга на врвот од кората. Полека свиткајте го ролатот и украсете го со шлаг крем, мелени ореви и растопен еурокрем.