Зошто СЛЕЗОТ расте покрај нашата куќа? Случајно? Го корнеме и газиме а не ја знаеме неговата вредност

loading...

Црниот слез е првенствено мевлем за слузокожата на дишните патишта, за бронхијална астма, кашлица, бронхитис, воспалено дебело црево, дијареа, повраќање, желудник…. Во продолжение прочитајте се’ за лековитоста на оваа билка и рецепти за приготвување на неколку лекови.

Белиот и црниот слез имаат посебно место во домашната аптека. Коренот се вади во октомври бидејќи тогаш има најмногу слуз. Белиот слез е борец против вируси и настинки, а го јакне и имунитетот.

loading...

Меѓу лековитите чаеви, слезот има посебно место во домашната аптека. Белиот е повеќе застапен, бидејќи одамна се користи за одбрана од различни болести. Одличен борец против вируси и настинки, олеснува искашлување, ублажува симптоми на астма и го јакне имунитетот.

Иако целата билка е лековита, сепак лековитите состојки најмногу се сконцентрирани во коренот. Оној кој е изваден првата година – е најефикасен бидејќи содржи најмногу слуз. Подоцна се задебелува и станува потврд, па така и помалку квалитетен. Прво се лупи и суши на температура од 60 до 70 степени за да не потемне, па потоа се сечка.

Чајот од бел слез помага при кашлица, бронхитис, а се препорачува и при бронхијална астма. Се користи и за лекување на воспалено дебело црево, дијареа и повраќање кај возрасни и деца. Ја смирува слузокожата на желудникот, особено во комбинација со камилица. Не е штетен ниту за бебињата, па честопати со овој чај им се испира носето кога им е затнато.

Се приготвува така што исечканиот корен се кисне околу два часа во ладна вода, за да може слузта целосно да се екстрахира. Чајот потоа се процедува и се пие неколку пати дневно, а по желба може малку да се загрее. Коренот од бел слез никако не смее да се вари, бидејќи тогаш се одвојува скроб, па напитокот станува густ матен. Слуз во коренот има најмногу во октомври.

Во народната медицина се користат и облози кои се делотворни кај сите видови кожни и поткожни чиреви, како и воспаление на очи. Се лекуваат изгореници, а ефикасно се ублажува и болката. Рецепт: ситно рендан корен од бел слез се меша со мед, па кашестата смеса се нанесува на ленена ткаенина и се нанесува на проблематичното место. Се менува на два до три часа.

Црниот слез има слично дејство како и белиот. Има многу убави и декоративни цветови кои ги красат градините, но луѓето од незнаење честопати го сметаат за плевел и го корнат ова лековито растение.

Цветовите се берат и внимателно се сушат на темно и проветно место. Цветовите содржат слуз, танин и антоцијански гликозид алтеин. Помагаат кај истите здравствени тегоби како и белиот слез. Оваа билка сака хумус, топло, сончево и од ветер заштитено место. Затоа најчесто се „прибира“ покрај нашите куќи.

ЧАЈ: во 250 мл вода се става една лажичка црн слез и се остава преку ноќ. Наутро чајот се загрева, се процедува и се пие. За облога се користи талог од процедениот чај, кој се меша со јачменово брашно и малку вода. Кашата малку се загрева, се става на памучна или ленена ткаенина, па на болното место.

СИРУП ЗА КАШЛИЦА

При белодробни проблеми се препорачува сируп од бел слез, кој е особено делотворен за деца.

2 лимони
200 г шеќер
2 лажици сува жалфија
2 лажици анасон
2 лажици бел слез
2 лажици ленено семе

Лимонот добро се мие и се сечка на коцки заедно со кората, се става на оган заедно со шеќерот и билките, се прелива со 200 мл вода и се вари 20-тина минути. Потоа се трга од рингла и се остава да излади, па се процедува низ густа газа. Сирупот се зема три лажички дневно.

ОБЛОГА ЗА ГРЛО: се дроби ситно билката и наутро се прелива со вода, а навечер се додаваат јачменови снегулки. По еден час се процедува и смесата се става како облога за грло – ги решава сите проблеми со грлото, а со чајот се прави гаргара.

МЛАДИ ЗЕЛЕНИ ЛИСТОВИ: Се користат во салати, а може и за виткање сарми. Изобилуваат со витамин Ц и железо, па така се одлични за јакнење на крвта.

ЛАДЕН МАЦЕРАТ: една лажица од билката натопете во чаша ладна вода и оставете околу пет часови. Загрејте на 60 степени, па потоа додадете лимон и мед. Се пие топло, а може и ладно.

КОРЕН ОД СЛЕЗ ЗА ДОЛГОТРАЈНА КАШЛИЦА: две лажици корен од слез се преливаат со 250 мл вода. Оставете поклопено неколку часови за да се создаде доволно слуз. Малку загрејте па процедете. Додадете мед, лимон. Пијте трипати на ден. Може да се користи и како капки за затнат нос.

loading...