,,Ова е најбрзиот и најекономичен ручек за нас”, шпагети кои се готват во сос од мелено месо

Овој рецепт за тестенини во сос го научив од мајка ми. Таа ни ги правеше кога бевме деца со брат ми, а сега јас им ги правам на моите дечиња. Слично како болоњезе, но наместо доматен сос ги готвам со кечап. Покрај тоа, тестенините се готват во сосот, а не посебно.




Ова е идеален ручек ако сакате нешто брзо и економично, за 15 минути да е готово. Јас додавам и работи по вкус кои што ги јадеме, а ручекот е феноменален, како од ресторан, па и поубаво. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица црвен кромид, неколку чешниња лук (по вкус), 400 г мелено месо, 150 г кечап, 150 г шампињони, 700 мл вода, 400 г шпагети или други тестенини, кашкавал, масло, сол, вегета и оригано.




ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете го маслото и почекајте да се загрее на среден оган. Во меѓувреме излупете една главица кромид и исечкајте го на ситни коцки. Истото направете го и со чешнињата лук кои треба да ги додадете заедно со кромидот во маслото.




Кога кромидот ќе кристализира се додава меленото месо и се готви додека да застакли и да се карамелизира. Се зачинува со 1 мала лажичка сол, 2 лажички сув зачин и 2 лажички оригано. Потоа се додаваат шампињоните и сите состојки се продолжува да се пржат на тивко.




Негде при крајот на готвењето кога сите состојки ќе бидат испржени, јас додавам 200 мл вода и оставам да се крчка на тивко. Кога водата ќе испари се додаваат тестенините и се прелива со 0,5 литри вода. Тестенините се варат во водата додека да омекнат, приближно 7-8 минути или како што е означено на пакувањето.




За ова време водата ќе се апсорбира во шпагетите, а остатокот ќе испари. Вака сварените тестенини излегуваат многу кремасти бидејќи во сосот се крчка водата од нив. Пред да ги тргнам од рингла зачинувам со уште малку оригано и убаво мешам да се распореди зачинот.




Шпагетите веднаш се сервираат во чинија и одозгора се наросува со рендан кашкавал. Овој ручек е готов за 15 минути и навистина е многу вкусен. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаДИЕТА 3-3: За три дена се намалуваат 3 килограми-чистење на организмот од масти и тoкcини
Следна статијаОва го користам 2 години и САРДЕЛИТЕ цветаат бујно преку цела година (РЕЦЕПТ)