Со оглед на тоа што оваа исхрана содржи помалку јаглехидрати, за време на вежбањето постои можност за намалување на мускулната маса. Затоа, после диетата потребно е да се зголеми физичката активност, како кондициони вежби, кардио, трчање, возење велосипед, пливање или едноставно пешачење.




Доколку немате премногу вишoк килогpaми, тогаш најдобро е да ја прескокнете оваа диета или да ја следите во поблаг, прилагоден peжим, во конcyлтација со нутриционист или лекар. За време на диетата, првиот утрински оброк е секогаш ист: портокал, а може во комбинација со круша, праска или диња, две тенки парчиња двопек-леб, шолја кафе или чај без шеќер.

ПРВ ДЕН-ручек: портокал, варено јајце, кисело млеко или јогурт. Вечера: два домати или 200 мл доматно пире, 2 варени јајца, мала главица зелена салата или краставица и два двопеци.




ВТОР ДЕН-ручек: портокал, јајце, 1 чаша кисело млеко, два двопеци. Вечера: 125 грама мелено говедско месо, домат или 100 мл доматно пире, тост, шолја чај или кафе. ТРЕТ ДЕН-ручек: портокал, варено јајце, 1 чаша кисело млеко, мала главица зелена салата. Вечера: 125 грама мелено месо, портокал, двопек, шолја кафе или чај.




Забелешка: Набројаните намирници не се однесуваат да изедете сè во еден оброк, туку на почеток јадете еден портокал пред секој оброк па доколку сте уште гладни јадете од другите набројани намирници во одредената количина. Портокалот е особено многу важен за мажите, еве зошто:




Можеби ќе ве интересира да ја прочитате и следната статија – рецепт за приготвување на лек од портокал и поленов прав кој е одличен за мажите: Природен лек за пpoстата со портокал и поленов прав, се пие 5 седмици, а многу е ефикасен и корисен:

На 100 мл исцеден сок од свеж портокал, без шеќер, додајте една лажичка поленов прав и оставете да отстои преку ноќ. Наутро сокот се пие одеднаш. Еве по кој редослед се пие овој сок:




Постапката се повторува секој ден во текот на една седмица. Втората седмица се повторува постапката, но во сокот од портокал се додаваат две лажички поленов прав.




Третата седмица се ставаат по три лажички поленов прав, четвртата седмица се враќате на две лажички, а петтата седмица се приготвува исто како и првата – на 100 мл сок од портокал, се става една лажичка поленов прав. Прочитајте уште еден интересен рецепт со портокали:

III РЕЦЕПТ: Природен сок од портокал – од само 4 портокали добивате 9 литри сок! Во почетокот не верував, но сеедно, одлучив да пробам. Мора да ви кажам дека направив одличен, многу вкусен сок.




Како што велат моите деца, како од продавница. Но она што е поинаку е тоа што сите состојки се природни, а сите знаеме што содржат купечките напитоци. Многу е важно тоа што сè мора да се прави според рецептот. Нема да имате отпад, зошто од остатоците од портокалот можете да направите вкусен џем. За приготвување на овој сок треба да одвоите околу еден час.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 портокали, 1 кг шеќер, 30 г лимонтус (лимонска киселина), 9 литри вода. ПОСТАПКА: Портокалите измијте ги добро и прелијте ги со врела вода за да се отстрани горчливиот вкус. Избришете ги и ставете ги во замрзнувач околу час-два.




Извадете ги од замрзнувачот, исечете и сомелете во машина за мелење месо. Смесата прелијте ја со 3 литри вода (филтрирана или провриена па изладена). Оставете 10-тина минути.

Процедете низ цедалка. Во прецедениот сок додајте 6 литри вода, шеќер и лимонтус. Добро промешајте додека да се стопи шеќерот, а можете да го оставите еден час па самиот да се раствори.




Складирајте во стаклени шишиња или тегли. Вашиот сок е готов за употреба. Бидејќи лимонтосот е природен конзерванс, сокот можете да го чувате во фрижидер 10-тина дена. Секако, количината на сокот можете да ја прилагодите на своите потреби, така што ќе ги намалите или зголемите состојките.

Но, тоа не е сè. Пулпата од портокалот можете да ја искористите и да сварите вкусен џем. Во тенџере ставете ја пулпата, додадете шеќер по вкус, малку лимонтос и варете 5-10 минути. Ќе добиете вкусен џем од портокал.