Пеларгонија (Pelargonium), една од омилената балконска билка која е присутна со многубројни видови, облици и бои. Сарделата е цвеќе кое е познато по својата отпорност. Ја карактеризираат исправени меснати гранчиња со темнозелени листови кои на ивиците имаат карактеристичен темнозелен прстен.




Пеларгонија доаѓа во бела, жолта, розова, црвена, виолетова и портокалова нијанса. За раст и е потребно сончево место, но заштитено од директно пладневно сонце и добра дренажа. За да расте убаво, задолжително отстранувајте ги прецветаните цветови и пожолтените листови за да не се развие болест.

разни видови сардели




Пеларгонијата редовно полевајте ја, но потребно е да оставите супстратот да се засуши помеѓу двете залевања. Во различни временски периоди, домашните сардели бараат различна нега. Од почетокот на пролетта, па до крајот на летото, при полевање на ова цвеќе, во водата треба да се додава малку прихрана која ќе се базира на фосфор кој благотворно делува на цветањето.




Обратете внимание дека во прихраната треба да има минимален процент на азот, бидејќи сарделите може да престанат да цветаат. Во текот на летото сарделите сакаат свеж воздух, па изнесете ги на балконот, или во градината.




На почеток, со промена на местото, кај сарделата може да се појави опаѓање на листовите, а цветот малку ќе боледува. Но потоа ќе бидете пријатно изненадени. Има еден рецепт за прихранување на сарделите, а се приготвува од една капка јод и еден литар вода.




Овој раствор не смее да се полева директно во коренот бидејќи може да го ,,изгори” , туку само околу него, во земјата. Поради контроверзни мислења за јодот и искуство од читателка, овој рецепт не го применувајте доколку не сте сигурни во него.




Други искуства кои ги пронајдовме велат дека јодот е иделен доколку сакате бујни цветови налето. Доколку билката нема доволно количество на јод, таа е повеќе подложна на болести и нејзиниот развој ќе биде бавен.




Јодот го продолжува времето на цветање, и освен кај сарделите може да го користите и кај други видови цветови. Во секој случај, треба да внимавате да не претерате со јодот бидејќи може да го оштетите коренот на билката.




Рецептот е следен: на 1 капка повидон јод се дозира 1 литар чиста, флаширана вода. Не повеќе од тоа! Шишето добро затворете го и протресете го за да се измешаат состојките. Начинот на поливање е прецизно објасен и треба да се следат инструкциите за да не ви ,,изгори” сарделата:




Се полива по малку, 50-100 мл, само еднаш во месецот. Не поливајте со водата околу коренот, тоа нека биде настрана во земјата. Искуствата со јодот (доколку ги примените) може да ги споделите со читателите на НМД бидејќи постојат разни искуства.

Вториот рецепт кој може да го примените е сличен како првиот само што наместо повидон јод се користи 1 таблета Аспирин. На една таблета оди 1 литар чиста и свежа вода која може да ја ставите во прскалка.




Редовната употреба на овој раствор ги прави цветовите побујни и спречува појава на габични болести на растението. Овој раствор може да го користите еднаш во неделата и редовно секоја наредна недела за да забележите ефект.

Досега истражувањата немаат пронајдено интеракции помеѓу Аспирин со мала јачина на јод/калиум јодид. Сепак, ова не мора да значи дека не постојат интеракции. Иако станува збор за истражување на ефектот врз човечкиот организам, може да се земе предвид дека овие два раствори не би требало да наштетат на сарделите доколку се користат наизменично (не истовремено). Деталите од рецептите за побујни сардели може да го погледнете ОВДЕ.