“Кандидијаза имам од кога знам за себе, само не сум била свесна за тоа. Кога е во нормални количини, немам никакви проблеми, но потешкотиите започнуваат кога таа енормно ќе се размножи и ќе се зголеми нејзиното количество.

Голем број жени не се свесни дека рамнотежата со нивото на кандида е пореметено, а забележуваат дека нешто не е во ред, дури кога ќе им се појави ваги-нална инфекција.

Кај мене најпрво се појавија тегоби со желудникот и стомакот, па ги третирав овие симптоми, но кога за првпат отидов на гинеколог, ми беше констатирана кандидијаза.

Дури тогаш ги поврзав тегобите со стомакот и зголеменото ниво на кандида, бидејќи кандидата може да се рашири во целиот организам.

Сите блиски пријатели од моето опкружување знаат дека цел живот мака мачам со кандидата, и кога ќе ме прашаат кој е лекот, јас им одговарам – нема друг лек освен еден, а тоа е испирање со раствор од сода бикарбона (1 чаша вода со 1 лажиче сода бикарбона). Сè останато кое се препорачува како наводен лек, тоа се всушност препарати за ублажување на симптомите” – вели оваа жена на нејзиниот јутјуб канал.

Целата исповед можете да ја ислушате во видеото под текстот, со напомена, пред да преземете било какво лекување на своја рака, претходно да се консултирате со вашиот лекар.

Габата кандида (candida albicans) природно живее во нашиот дигестивен тракт. Таа живее во човекот и никогаш не може да се најде самостојно во природата.

Предизвикува габично заболување на кожата и слузокожата на ноктите и внатрешните органи. Кај здрави луѓе, во вид на спори, може да се најде во устата или во вагиналната слузокожа.

Кандидијазата е речиси секогаш последица на автоинфекција, односно на инфекција од габички кои нормално го населуваат човековиот организам, и кои од одредени причини и во одреден момент започнуваат интензивно да се размножуваат.

За да дојде до инфекција мора да дојде до услови за раст и размножување на габите. Најчеста причина е пад на имунитетот, односно, кога организмот не е во состојба да ја одржи популацијата на кандидата не нормално ниво.

Габата има голема развиена способност за врзување со клетките на слузокожата, што е особено изразено во присуство на шеќер, јаглероден диоксид и ниска рН вредност.

Лошата регулација на шеќерните болести, односно погрешно лекување и третирање на болеста, доведува до намалување на отпорноста на организмот од инфекции.

Исто така, габата нормално е присутна во желудникот и цревата, но може прекумерно да се размножи, до тој степен, што може да предизвика проблем на половите органи.

Кога инфекцијата е акутна, потребно е да се одбегнува синтетичка долна облека, а да се носи исклучиво памучна облека испрана на висока температура.

Кандидата произведува различни токсини и лоши алкохоли. Во цревата ова може да доведе до создавање на гасови со подување на стомакот, грчеви и нередовна столица.

Лимфните јазли на цревата се затруени со што се слабее општиот имунитет и одбрамбените способности на организмот со создавање на склоности кон некои инфекции.

Отровните супстанции низ цревниот ѕид доспеваат до крвта и оттаму до црниот дроб, нашиот најважен орган за детоксикација, каде еден дел од отровите се разградуваат. Поради овој проблем, црниот дроб значително е оптеретен.

Остатокот од отровите доспеваат во другите органи и можат да предизвикаат симптоми како што се умор, главоболка, слаба концентрација или депресивно расположение.

Кога кандидата ќе изгладне, таа умира и го преплавува организмот со токсини, со што погоре споменатите симптоми се интензивираат. Потребни се седмица или две додека овие отрови да се отстранат од организмот.

Изумирањето на кандидата може да помине и незабележано, но симптомите може да бидат особено изразени доколку во поголема мера сте биле зафатени од неа.

Кандидата од дигестивниот тракт може да мигрира низ ослабените цревни ѕидови или да се прошири во репродуктивните органи, особено кај жените.

Ваквата мигрицаја на кандидата обично се завршува со целосна опасада на организмот и доколку не се лекува може да има фатален исход.

Поради ослабен имунолошки организам, телото не може да се одбрани од други вирусни и бактериски напади, а се отвора патот и на автоимуните болести.

Исто така, затруеноста со кандида може да предизвика и алергиски реакции во организмот, па доколку не се лекува, телото станува сензитивно речиси на сè.

Симптомите предизвикани од кандидата може да се сврстат во неколку категории. Тоа се: умор, недостиг на енергија, депресија, главоболка, болки во мускулите и зглобовите, чувствителност на хемикалии, повторувачки мокрачни инфекции, чувство на зашеметеност.

Симптоми за кандида во цревата се: гасови, подуеност, зачестена опстипација или дијареа, дигестивни пречки, грчеви во цревата и слично.

Од респираторните симптоми се издвојуваат: секрет кој се цеди од задниот дел на ждрелото, грлоболка, знаци на настинка, сува кашлица, астма, алергија.

И клиничките наоди се накарактеристични: може да се појави висока температура, евентуално плеврална болка, потење, искашлување. Во потешки случаи може да дојде до сепса.

Вагиналната кандидијаза се јавува: пецкање, јадеж, болка и појачан секрет со бела болка. Доколку секретот има цвенкаста боја, тогаш станува за многу силна инфекција.

Кај мажите главно не се јавуваат симптоми. Тоа се т.н. асимптоматски носители и може да се јават само бели наслаги на слузокожата или секрет од мочната цевка. Кожните симптоми се карактеристични: егзема, пецкање, осип, инфекции со други видови габи.

Хормоналните пречки се нередовна менструација, менструални грчеви, ПМС, промена на расположение, хипотиреоза, хипогликемија.

Ако имате некои од наведените симптоми и мислите дека ве мачи кандида, обратете се на лекар.

Клучна улога во лекувањето на кандидата има промената во начинот на исхрана. Пред сè потребно е да се направи детоксикација на организмот.

Потребно е да се пијат чаеви, поголема количина вода, свежо овошје и зеленчук, или готвено на пареа. Редуцираната исхрана прилагодена на состојбата предизвикана од кандида, подразбира храна богата со протеини и влакна, а да се одбегнуваат јагленихидрати.

Најважно е да се одбегнува шеќерот во било кој облик, бидејќи тој поттикнува ширење на габата.

Пожелно е во исхраната да се воведат следните намирници: пробиотски јогурт, јаткасти плодови, инегрален ориз, двопек, вода, чаеви, босилек, оригано и цимет

Намирници кои треба да се одбегнуваат се: бело брашно, леб и печива од бело брашно, алкохол, грав, грашок, компир, суво овошје, оцет, ферментирани производи, мајонез, сенф, дресинзи

Лекувањето на кандидијазата по природен пат е најважно. Покрај редуцираната исхрана и мултивитаминските препарати, во лекувањето може да помогне и масло од диво оригано. Ова етерично масло помага во лекувањето на многу здравствени тегоби и докажано е неговото антигабично дејство. Претставува одлична алтернатива на антибиотиците и има способност да уништува многу патогени микроорганизми.