За читателите на НМД.мк нашата драга Марија Лазарова го сподели природниот лек кој најмногу и помогнал кога била болна од бронхопневмонија, проследена со опструктивна кашлица. Рецептот е стар и едноставен, но многу ефикасен. Затоа се задржал до денешен ден и луѓето кои ја ценат народната медицина, сè уште го користат.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г квалитетн мед, 500 г таан, 2 органски лимони. Постапка: ако лимоните се купечки, претходно истретирајте ги во раствор од сода бикарбона за да се отстранат евентуалните нечистотии.




Лимоните пресечете ги на четвртинки заедно со кората и отстранете им ги семките. Потоа сомелете ги во блендер додека да добиете фина кашеста смеса. Додајте ги медот и таанот, па мешајте додека да се изедначат состојките.




Кога ќе добиете хомогена смеса, истата складирајте ја во стаклени тегли, претходно стерилизирани. Обложете ги со алуминиумска фолија и чувајте ги во фрижидер. Се зема по неколку лажици од смесата во текот на денот, сè додека да се смират симптомите и да помине болеста. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт за природен лек кој Русите постојано го пијат:




ДОМАШЕН РУСКИ ЛЕК ОД ЧЕТИРИ СОСТОЈКИ: Ги чисти бронхиите од вишокот слуз и ја стопира кашлицата. Исклучително е корисен и делотворен, бидејќи за кратко време го олес-нува дише-њето.




Белите дробови се како сунѓер и апсорбираат сè од воздухот, секакви честички од мрт-ва или жива природа, вклучително и патогени. Притоа, акумулираат слуз, што може да доведе до сериозни последици.




Таложењето на згусната слуз во белите дробови може да биде многу непријатно, бидејќи ќе се јават рефлексните природни методи за исфрлање на надворешните честички и вишокот слуз, а во потешки случаи може да доведе и до гy-шење.




Меѓутоа, за среќа природата е преполна со лековити билки кои помагаат во олеснување на овие состојби, а луѓето со текот на времето научиле да приготвуваат разни природни препарати кои помагаат да се исфрли оваа слуз и да се смири кашлицата.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 супена лажица домашна јаболкова киселина, едно помало парче свеж корен од ѓумбир со величина од околу 1-2 см, 1 супена лажица кокосово масло, 1 кафена лажичка мед.




Постапка: исечете го ѓумбирот на поситни парчиња и ставете го во чаша вода. Ставете на оган колку да зоврие еден „клуч“, па тргнете го садот на страна и оставете да се олади. Потоа додајте кокосово масло, јаболкова киселина и мед. Оваа количина треба да се испие одеднаш.




Овој напиток пијте го секогаш кога чувствувате дека отеж-нато ди-шете. Чајот приготвен од месојадната билка Росика, исто така, има лековито дејство кај силна кашлица, бронхитис и упорна, т.н. „магарешка“ кашлица. Овој чај има малку горчлив вкус, па се препорачува во него да додадете мед.

За да се засили дејството можете да додадете и неколку капки течен екстракт од ехинацеа. Секако, доколку имате хронична белодробна болест, потребно е претходно да се посоветувате со вашиот лекар.