Откако ќе ги направите овие МИНИ БУРЕКЧИЊА ќе речете дека ништо повкусно не сте направиле досега…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):

За тесто:
1,5 чаши вода (300 мл)
1 лажичка сол (8 г)
4,5 чаши брашно (520 г)
1 кесичка прашок за печиво (10 г)

За фил (може и по ваш избор):
500 г мелено месо
1 голема главица кромид
1 лажичка мајчина душица
1 лажичка црн пипер
1 лажичка сол (8 г)

За премачкување на тестото:
мек путер (100 г)
За премачкување на печивата:
1 жолчка од јајце
1 лажица млеко
афион/сусам/ким…
Се печат во рерна на 180 степени 35 минути.

ПОСТАПКА:

1. Во подлабок сад за месење ставете вода и сол и мешајте додека солта да се раствори. Измешајте ги брашното и прашокот за печиво. Направете бунар во средината на брашното и истурете ја солената вода во средината.

2.Од страна земајте по малку од брашното и започнете да го месите тестото. Треба да добиете меко тесто кое не се лепи за раката. Готовото тесто поделете го на два дела и обликувајте топки.

3.Оставете го тестото да одмори покриено 5 минути за да се отпушти. Земете едно тесто и развлечете го во кора со квадратна форма.

4.На ист начин развлечете го и другото тесто и рамномерно намачкајте го со омекнат путер. Намачкајте го второто тесто врз првото тесто и нанесете путер насекаде.

5.Квадратното тесто пресечете го на половина, на два долги правоаголници и ставете ги едно врз друго. Ставете го на плех и покријте го тестото со кеса. Ставете го во фрижидер и оставете го да отстои половина час. Во меѓувреме подгответе го филот.

6.Во сад ставете ги состојките потребни за филот и измешајте.

7.Одмореното тесто извадете го од фрижидер и повторно развлечете го уште малку по должина. Потоа пресечете го на половина по должина. Потоа поделете го на 10 парчиња, приближно три четвртини од тестото.

8.Ќе ви останат две поголеми парчиња. Ставете ги овие две парчиња едно врз друго и исечете ги на ленти широки 1 см (10 лентички). Ставете по една раширена лентичка врз секој квадрат и притиснете со прстите да се залепи.

9.Развлечете ги квадратите во потенки кори со форма на квадрат и во средината ставете малку од филот. Затворете го во форма на плико и ставете го на плех обложен со хартија за печење.

10.Измешајте жолчка и млеко и премачкјате ги одозгора. Посипете семе од афион или нешто по ваш вкус.

Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.