Постојат многу деликатеси приготвени со тиквички – и солени и благи. Но, денес ќе ви претставиме едно различно јадење со тиквички, кое е особени погодно за летните горештини – Ладната торта со тиквички.

Оваа торта е сочна, лесна, вкусна и што е најважно – идеална е за топлите летни денови, кога живата на термометарот е качена многу на 30.степен. Покрај тоа, летната торта од тиквички е здрава и многу вкусна, а се подготвува без пржење и без масни сосови, пишува НМД.мк

Нема да добиете ниту грам повеќе, дури и ако ја јадете оваа торта цел ден. Еве кои состојки ви се потребни за да ја приготвите оваа ладна, освежителна торта: важно е да одберете сочни и млади тиквички кои сè уште не започнале да формираат семе.

Може да додадете било кој друг зеленчук, како домати, печени пиперки или модар патлиџан помеѓу слоевите.

Потребни состојки: 3 млади тиквички, 200 г кисела павлака или кисело млеко, 200 г фета сирење или некое друго меко сирење, една китка рукола или друг зелен зеленчук, свеж копар, 1 чешне лук и сол по вкус

Постапка: измијте ги добро тиквичките под млаз ладна вода, а доколку е потребно излупете ги (доколку се многу млади не е потребно да се лупат). Потоа секоја од тиквичките исечете ја на тенки ленти со дебелина од 0,5 см.

Наредете ги во еден сад и посолете ги. Додајте зачини и оставете ги да отстојат 10-тина минути за да ја испуштат течноста. Потоа наредете ги на решетката од рерната или во плех обложен со хартија.

Ставете ги да се печат во добро загреана рерна на 200 степени додека да омекнат. Штом тиквичките станат меки и малку зацрвенат, тоа значи дека се готови. Додека се печат тиквичките, вие подгответе го филот.

Во еден подлабок сад измешајте ја киселата павлака и фета сирењето со ситно исечканото свежо зеленило, малку толчено или сечкано лукче по вкус, па на крај посолете и зачинете по вкус.

Кога тиквичките ќе се оладат, започнете со редењето на тортата. Поставете ги тиквичките во еден ред, во една голема десертна чинија. Премачкајте ги со сосот и наросете рендан кашкавал.

Повторете ја постапката уште еднаш, односно наредете ги преостанатите тиквички (помалите парчиња оставете ги за најгоре), па целата торта премачкјате ја со преостанатиот фил и декорирајте со рендан кашкавал, свеж копар, магдонос…

Оваа освежителна торта може да се послужи веднаш, но најдобро е неколку часа да се олади во фрижидер за да се стегне и подобро да се спојат вкусовите. Постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ. Погледнете ги фотографиите: